ЗНАЦИ И СИМПТОМИ КАРАКТЕРИСТИЧНИ ЗА ТИП 2 ДИЈАБЕТЕС

947

Најчест тип на дијабетес (70–80% од сите пациенти со дијабетес). 80% од пациентите се натхранети. Синдром на инсулинска резистенција (метаболен синдром) често ѝ претходи на болеста: дебелина, зголемен крвен притисок, абнормално ниво на липиди (ви-соки триглицерид (2–3 mmol/L, ретко > 5 mmol/L) и низок HDL-холестерол) и често покачена концентрација на серумски урати. Вообичаено дијагнозата е кај возрасни (по возраст од 35 години). Атеросклерозата е најзначајната компликација од болеста, како коронарна арте-риска болест, артериопатија на долните екстремитети и мозочни и други макровас-куларни болести (удар). Пациентите имаат значајна семејна историја на дијабетес, хипертензија и коронар-на артериска болест.

Текстот е превземен од http://www.fzo.org.mk/WBStorage/Files/Endokrinologija.pdf