Асоцијација за Дијабетес на Етиопија -Ethiopian Diabetes Association- EDА

2317

Асоцијацијата за Дијабетес на Етиопија -Ethiopian Diabetes Association- EDА е формирана во 1984 година по иницијатива на лицата со дијабетес, здружението на ендокринолози и здравствените работници во Етиопија, со цел да се создаде форум на лицата засегнати од дијабетес за полесно информирање за превенција и третман на дијабетесот. Веќе од 1985 година асоцијацијата е член на IDF*. Оваа асоцијација  има повеќе од 20.000 членови. Асоцијацијата има 52 канцеларии низ цела Етиопија. Централната канцеларија се наоѓа во главниот град Адис Абаба.

Во 2014 година ја имав честа да се запознаам д-р. Ahmed Reja, ендокринолог вработен во клиниката Black Lion Hospital кој беше претседател на здружението ЕDA до 2016 година и со Misrak Tarekegn која до 2017 беше програм менаџер на асоцијацијата, воедно и проект менаџер на програмата Changing Diabetes® in Children.
Од 2017 година претседател на здружението е д-р. Abdurezak Ahmed Abdela ендокринолог кој работи во клиника за ендокринологија Black Lion Hospital. Од 2018 година програмски менаџер на здружението е Abdul Karim Mussa со кого имав можност да се запознаам и да поразговараме за состојбата на лица со дијабетес, со кои проблеми се соочуваат, кои активности ги организираат итн.


Abdul Karim Mussa-програм менаџер на Е.Д.А

Исто имав можност да се запознаам со младиот дијабетес лидер Tsegamlak Zerihun Tsigie воедно и програмски офицер на здружението. Морам да признам како млад дијабетес лидер ме воодушеви со знаењето и мотивацијата што ја поседува да го споделува своето знаење со родителите на деца со дијабетес. Цел на Tsegamlak е преку активностите кои ги одржуваат главно по училиштата, потоа со родители на деца со дијабетес е да се подигне јавната свест за дијабетесот и справувањето со состојабата.


Тsegamlak Zerihun Tsigie (https://www.idf.org/our-network/regions-members/africa/young-leaders.html#)

Меѓу проектите кои ги спроведува Асоцијацијата за Дијабетес на Етиопија ќе  ги издвојам Changing Diabetes® in Children програма на Novo Nordisk , кој трае до 2020 година и е наменет за деца под 18 годишна возраст и  Life for a Child програма на IDF наменет за адолесценти и млади меѓу 18-23 годишна возраст .
Според IDF Етиопија е една од 32 земји од Африка кои се членки на ИДФ. Од 425-те милiони лица со дијабетес во светот, 16 милиони се од Африка.

IDF*-Меѓународна Федерација за Дијабетес

Подготвил: Везире Старова