Здружение Алегрија известува

2288

По испратен мејл за подигање на инсулин за подолг временски период добивме повик од заменик министер за здравство г-дин Чакаровски.
Имено од пред неколку недели е донесена одлука дека само еднаш во годината може да се подигне инсулин за 3 месеци, со одобрение од др.Агуши од Министерството за здравство каде треба да се приложи доказ, авионска или автобуска карта или друг доказ кој го оправдува земањето на инсулин за повеќе месеци.
За случаи каде почесто се напушта државата на подолг временски период за кој е потребно да се земе инсулин за 3 месеци или подолго ни наложија да направиме листа со име и презиме од секој кој патува повеќе од еднаш надвор од Македонија, со цел да ги внесат во системот како не би имало проблем кога ќе треба да подигнете инсулин.
Ве замолуваме доколку патувате повеќе пати годишно на подолг временски период да ни испрати Име и презиме на alegrijamk@hotmail.com за да го доставиме списокот до МЗ што е можно побргу.

Доколку се работи за патување еднаш во годината за каде ќе земете поголема количина на инсулин, најпрво ендокринологот треба да ви го нагласи тоа во инсулинската листа, за да може да подигнете инсулин.
Со почит

Извор: Здружение Алегрија