Букурешт е домаќин на Европското првенство во футсал на лица со дијабетес, од 16 до 23 јули 2017 година.
Конкурсот за учество беше организиран од страна на Здружението на лица со дијабетес од Романија и е поддржан од Меѓународната федерација за дијабетис – Европа (IDF).
ДиаЕуро- Европското првенство во футсал на лица со дијабетес е проект кој започнал во 2012 година во Украина со желбата за промовирање на спортот кај лицата со дијабетес. Целта е да се зголеми свеста кај населението во однос на глобалниот проблем со дијабетес и да се докаже дека лицата со дијабетес можат успешно да учествуваат во било која физичка активност, било рекреативно или конкурентно.
Македонскиот тим ќе ја претставува Македонија на Европското футсал првенство за лица со дијабетес. Ова е второ претставување на нашата репрезентација.
Извор: http://dia-euro.ro/en/home.php
(сликата е превземена од фејсбук страната на Здружение Алегрија )