Дресирани кучиња за медицинско алармирање

1744

Во развиените земји низ светотот веќе со години се дресираат кучиња кои се користат како асистенти на лица со дијабетес и други медицински состојби, секојдневно давајќи им поголема независност и пред се со цел да помогнат доколку лицата се наоѓаат во животна опасност.

Со нивното неверојатно чувство за мирис кучињатa се обучени за откривање на минутни промени во нивото на шеќер во крвта и други промени во мирисот поврзани со хормонален дисбаланс. Кога нивото на шеќерот во крвта ќе падне или ќе порасне надвор од нормалниот опсег, кучињата веднаш го предупредуваат нивниот сопственик.

Чувањето на ваквиот вид на миленици се покажа како многу корисен за нивните сопственици  посебно кога се работи за мали деца и неспособноста да се открие хипогликемија, која е честа кај малите деца и адолесценти како резултат на нивната фаза на раст и развој.

Повеќе информации на: https://www.medicaldetectiondogs.org.uk/about-us/medical-alert-assistance-dogs/#