До мојата Софија

1777
Весна Трампевска, Баланс-МК Ацосицијација за детски дијабет на Македонија :

До мојата Софија …

Беше најубавото бебе што го имам видено, бело, мирно, насмеано…А денес си насмеана, ведра, комуникативна, расположена секогаш да помогнеш…Тој 4 декември 2008, тмурен дождлив, налик на денешниот остави длабог печат во твоето мало срце, во твојата невина душа…Дијабетес-таа има покачен шеќер 20 и сега го слушам гласот на Кочова…Нее можно, не не Софија, зарем толку мала ќе се боцкаш, но ти се плашиш од игли…Зошто…Зошто, каде згрешив…Солзи, лелек, неверување, страв од непознато, болка што ми ја пара душата, испомешани чуства, твоите мали рачиња кои ме гушкаат, милото гласче кое ми вели – Мамо не плачи…Ти ме тешиш, твоите мали очиња ми влеваат доверба дека се ќе биде во ред..Софија ти беше посилна од мене, а имаше само 9 години и знам душо моја дека тогаш станав и јас силна и свесна дека за нас двете борбата тука почнува…9.09.2017 година Софија денес ти си една прекрасна девојка, која има 18 години , скеогаш позитивна и насмеана, студент на Англиски јазик и книжевност, добра душа, а јас горда мајка и знам дека теретот што го носиш на твоите рамења е уште потежок..Одмор, излегувања со другарките, забави, роденденски прослави, дијабетесот не те прави поразлична од другите…Но знам секојдневното боцкање, секојдневната контрола врз храната, а плус и напорната мајка која 3-4 пати во денот те прашува, дали стави инсулин, дали измери, хипо, хипер…знам дека сето тоа ти е преку глава…Но борбата продолжува моја Софија, стравот што го осеќам, што ми го здрвува разумот и телото ме прави напорна мајка…ИЗВИНИ…Јас верувам во тебе моја Софија

 

Извор: БалансМК – Асоцијација за детски дијабетес на Македонија