Дијабетесот не влијае на вас само физички, туку може да влијае и емоционално.
Без разлика дали сте новодијагностицирани или долго време живеете со дијабетес, многупати подршката и помошта за емоционално справување со оваа состојба е неопходна. Некогаш можете да бидете во стрес, да имате чувство на депресија или така наречен “burn out“. Доколку некое од претходно кажаните чувства се појават, знајте дека не сте единствени. Многу лица со дијабетес поминуваат низ ова фаза.
Зборувајте за дијабетесот и како се чувствувате
Зборувањето за дијабетес и тоа како се чувствувате не е секогаш лесно. Може да биде тешко да се започне разговор. Можеби не се чувствувате добро кога треба да зборувате за нешто или не сакате да оптеретувате никого. Но, со разговорите околу оваа состојба може да има толку многу придобивки, како за вас, така и за оние блиски до вас.
Родителите и членовите на семејството често се добри слушатели, но исто така во новозапочната врска или пријателство, отворениот разговор може да ви помогне подобро да се разберете .
Со кого можете да разговарате за дијабетес?
Пријател
Колега од работа
Вашиот здравствен тим
Други лица со дијабетес
Често се прашувате како да започнете разговор со вашето семејство и најблиски?
1)Одлучете за што сакате а за што не сакате да разговарате
2)Дозволете им на вашите најблиски да разговараат за состојбата
3)Дозволете да поставуваат прашања
4)Кажете им на кој начин можат да ви помогнат
5)Бидете трпеливи
Разговарајте со вашиот здравствен тим
Одењето на контрола кај вашиот лекар некогаш може да ви предизвика фрустрации поради разни причини. Но, добар разговор со вашиот здравствен тим може да биде навистина корисен.
Зборувајте за здравствена заштита и за услугите што ви се достапни.
Четири совети за разговор со вашиот шеф и колегите за дијабетес
Може да биде тешко да се биде отворен и искрен за дијабетисот со работодавачот.
Природно е да се грижите дека луѓето на работа ќе ве третираат поинаку ако знаат за вашиот дијабетес. Но, едноставно објаснување за тоа како тоа секојдневно влијае врз вас, е добар начин да ги едуцирате луѓето и да создадете подобро разбирање помеѓу вас и вашите колеги. На вашиот шеф и членовите на тимот ќе им биде појасно зошто е важно да имате паузи и кога не е време за пауза.
Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да разговарате со вашиот тим
1)Тоа е ВАШ разговор
Не плашете се да да разговарате за вашиот дијабетес, но подеднакво немојте да се чувствувате под притисок да им кажете на колегите сè. Најдобро е да им кажете за основите за вашиот дијабетес. Немој да се чувствуваш под притисок да се отворите .
2)Направете го тоа со ваши услови
3)Изберете го просторот и времето кај се чувствувате најудобно да разговарате.
3)Насочете ги каде може да добијат информација за дијабетес
Бидете запознаени со вашите права
За жал, може да се случи дискриминација на лица со дијабетес на работа. Ова може да биде многу непријатно и може да влијае на вашата емоционална благосостојба. Ако мислите дека сте дискриминирани на работа затоа што имате дијабетес, разговарајте со вашиот менаџер .
Разговарајте со лица кои имаат дијабетес
Разговорите со лица со дијабетес може да ви помогне. Ова можете да го направите со дружба, преку viber групи, whats app групи, facebook групи . Исто така преку форуми каде обично има и 24 часовна комуникација и подршка.
Избор: https://www.diabetes.org.uk/guide-to-diabetes/emotions/talk-about-feelings