Универзитетска клиника за ендокринологија и болести на метаболизмот-Скопје ја препорачува следната диета од 1300 ккалории од 13 лебни единици која треба да се состои од: 150 гр.јаглехидрати; 70 гр.белковини; 40 гр масти
ПОЈАДОК 3 Л.Е
2 x парче леб(30 гр)
Млеко,јогурт или кисело млеко 250 мл
Путер,павлака,мајонез или кајмак-6 гр
Посно сирење 50 гр.или замена
УЖИНА 1 Л.Е
Сезонско овошје по избор 1 Л.Е
РУЧЕК 4 Л.Е
Супа или чорба од зеленчук 250-300 мл
2 x парче леб (30 гр)
90 гр.месо од живина, говедско, јагнешко, дивеч или риба 150 гр.
Пире од компир -180 гр.
Зеленчук А по желба
УЖИНА 1 Л.Е
Сезонско овошје по избор -1 Л.Е или
2 бисквита-1 Л.Е
ВЕЧЕРА 3 Л.Е
2 x парче леб (30 гр.)
Млеко, јогурт или кисело млеко 250 мл
1 варено јајце или замена
УЖИНА ПРЕД СПИЕЊЕ 1 Л.Е
Сезонско овошје по избор-1 Л.Е
(Упатството за исхрана е од Универзитетска клиника за ендокринологија, дијабетес и метаболни нарушувања Скопје)