Dexcom G6 наспроти Guardian Connect
Двете компании развија сигурни, компактни CGM кои се интегрираат со медицински софтвер и апликации.
Во однос на ефикасноста и точноста, нема голема разлика помеѓу современите CGM системи. Кога е време да го изберете најдобриот CGM, веројатно ќе ја засновате вашата одлука на една или повеќе функции кои подобро се вклопуваат во начинот на живот, паметниот телефон или CGM-интегрираната инсулинска пумпа
Dexcom G6
На комбинираниот сензор и трансмитер Dexcom G6 му треба само компатибилен паметен телефон Android или Apple за да овозможи следење на гликозата во реално време.
Не поседувате компатибилен паметен телефон? Користете ја единицата за приемник Dexcom G6. Резултатите се пренесуваат на вашиот паметен телефон или приемник на секои 5 минути. Нема потреба од калибрирање. Податоците автоматски се пренесуваат на вашиот телефон или приемник на растојание од 20 чекори(околу 6 метри). Овие податоци може да се споделат со најмногу 10 луѓе преку бесплатната апликација Dexcom Follow app. G6, исто така, овозможува и вашите најблиски да гледаат податоци во секое време, каде било, на кој било телефон или компјутер.
Сензорот G6 може да се носи 10 дена. Водоотпорен е и може да се потопи максимум осум метри под вода до 24 часа (кога правилно се нанесува).
Аплицирање
Ќе треба да го нанесете сензорот со апликатор со едно копче, потоа да го прицврстите трансмитерот и да го залепите вградениот леплив слој.
Откако ќе се аплицира, почекајте да заврши 2-часовното загревање пред да се појават резултатите. Во овој период, за мерење на гликзоа потребен ви е глукомер
Вградената батерија со сензор/трансмитер има 3 месеци животен век и не се полни.
Она што го издвојува овој CGM е тоа што тој е единствениот CGM систем одобрен од FDA за 2-годишни деца. Значи, ако имате дете со дијабетес, ова веројатно ќе биде адекватен CGM . Консултирајте се со лекарот на вашето дете пред да направите промена во планот за лекување.
Друга навистина импресивна карактеристика е можноста да побарате читања од Siri . Најновата верзија на апликацијата Dexcom G6 ви овозможува да го направите ова – совршено за возење на долги растојанија или за време на игра во градината.
Dexcom G6 се интегрира со следните инсулински пумпи:
- Tubeless OmnipodⓇ 5
- Tandem t:slim X2TM
- iLet Bionic Pancreas
- CamAPS FX (Само Европа)
- DBLG1 system (Само Европа)
- Интеграцијата на Dexcom G6 е можна и со InPenTM, паметно пенкало за испорака на инсулин.Податоците од сензорот се интегрираат со софтверот за известување Dexcom CLARITY за повеќе увиди во управувањето со дијабетесот.
Medtronic Guardian Connect
- Сетот сензор и траснмитер Guardian Connect, ги мери и нивоата на интерстицијална течност во реално време на секои 5 минути, пренесувајќи податоци на поврзаниот уред. Но, внимавајте – Guardian Connect е самостоен систем за следење на гликозата што не се интегрира со многу уреди. Списокот на компатибилни паметни телефони, таблети и оперативни системи може да се најде на страницата на Guardian Connect на Medtronic.
- Сензорите се поврзуваат и со „Connect“ на Guardian што може или не може да се интегрира со компатибилни уреди. Кога конкретно сакате да одберете сензор што се поврзува со инсулинска пумпа, одбирате сензор Guardian без Guardian Connect.Сензорот Guardian 3 треба да се калибрира повеќе пати преку боцкање во прст. Ова не е случај за поновиот Guardian 4. Секој резултат на боцкање со прст мора да се внесе во апликација за да се обезбедат точни резултати.
Како и Dexcom G6, нема да треба да го држите телефонот или читачот на сензорот бидејќи податоците се пренесуваат на растојание од 20 чекори(околу 6 метри). Овие податоци може да се споделат со најмногу 5 луѓе преку апликацијата Medtronic CareLink.
Сензорите Guardian 3 и 4 може да се носат 7 дена. Тоа е 3 дена помалку од сензорот Dexcom G6.
Сензорите на Medtronic се само делумно отпорни на вода. Тие можат да бидат потопени максимум осум метри под вода во времетраење 30 минути(кога правилно се нанесуваат). Ако поврзаната инсулинска пумпа е посебно избрана поради нејзините водоотпорни карактеристики, сензорите на Guardian можеби не се вистинскиот избор.
- Како и Dexcom G6, има време за загревање од 2 часа откако ќе го прикачите CGM. По овој период од 2 часа, ќе треба да калибрирате сензор Guardian 3 преку апликацијата. Потребна е втора калибрација по 6 часа, а потоа на секои 12 часа додека не се замени сензорот. Ќе добивате предупредувања за калибрација повеќе пати. Но, нема потреба од калибрација со Guardian 4.Тоа е во полето на предупредувања каде што Guardian Connect го стави својот фокус. Предвидувачки предупредувања, поточно. Досега, ова е единствениот CGM уред одобрен од FDA со технологија за прецизно предвидување на високите и ниските нивоа на шеќер во крвта до еден час однапред.
Батеријата на предавателот Guardian Connect се полни и бара полнач Medtronic (1 x AAA батерија). Полнењето на трансмитерот трае околу 20 минути, но на постар уред може да му треба уште еден час. Животниот век (и гаранцијата) на траснмитерот Guardian Connect е една година.
Ако имате дете со T1D, треба да знаете дека системот Guardian Connect во комбинација со сензор Guardian 3 е одобрен само од 14-годишна возраст. Меѓутоа, ако земете сензор Guardian 4 и имате CGM за деца на возраст од 7 и повеќе години.
Guardian Connect се интегрира само со иновативната, предвидлива апликација Guardian Connect, софтверот CareLink и InPenTM. За интеграциите на инсулинската пумпа и CGM на Medtronic, пробајте ги сензорите Guardian 3 или 4 со технологијата SmartGuard.
- Цена и месечни трошоци
Ако, поради некоја причина, вие или здравственото осигурување не ги покрива трошоците за CGM, или ако вашиот здравствен осигурител нема да плати за овие два CGM, ќе сакате да знаете колку чини CGM.Декском Г6
Како што Dexcom G7 доаѓа на полиците, цените на G6 се намалуваат. Очекувајте да платите 200 долари за траснмитер што не се полни со батерија од 3 месеци.Се намалува и цената на сензорите Dexcom G6. Чинат околу 100 долари секој и траат 10 дена – околу 3650 долари годишно.
Тоа е вкупна годишна цена на Dexcom G6 од 4450 долари (370 долари месечно).
- Медтроник Гардијан
На вашиот пакет Guardian Connect му треба полнач (50 долари) за гарантираниот едногодишен животен век на трансмитерот (околу 950 долари).Пет сензори на Medtronic G3 чинат околу 250 долари. Секој сензор трае 7 дена, што значи 52 сензори годишно.Ова значи вкупна годишна цена на Guardian Connect CGM од 3600 УСД (300 УСД месечно).
Крајна споредба
КАРАКТЕРИСТИКИ Dexcom G6 Medtronic Guardian Connect Димензии 1.8 x 1.2 x 0.6 inches 1.41 x 1.13 x 0.38 inches Тежина 0.42 oz (11.9 гр) 0.4 oz (11.3 гр) Waterproof (to 8ft depth 24 часа 30 минути Минимална возраст 2 14 (Guardian 3 sensor); 7 (Guardian 4 sensor) Трансмитер што се полни Не Да Опсег на трансмитер 20 ft 20 ft Точност (MARD%) 9 – 10.5 8.7 – 10.5 (Guardian 3)
8.2 – 9.1 (Guardian 4)Колку често мери На 5 минути На 5 минути Predictive Glucose Monitoring No Yes Pairs with: Specified Android and iOS devices.
Dexcom receiver
Tubeless OmnipodⓇ 5
Tandem t:slim X2TM
iLet Bionic Pancreas
CamAPS FX (Europe only)
DBLG1 system (Europe only)
InPen
Various third-party healthcare appsSpecified Android and iOS devices.
Medtronic receiver
CareLink software
InPenПотребно калибрирање Не -но се препорачува Да Споделување на информации До 10 лица До 5 лица Времетраење на сензор 10 дена 7 дена Трошок месечен $370 $300
Извор https://gluroo.com/blog/life-with-diabetes/dexcom-g6-vs-medtronic-guardian-connect/#:~:text=Guardian%203%20and%204%20sensors,30%20minutes%20when%20correctly%20applied.