Истражувањата покажуваат дека високите дози на витамин Б1 (тиамин) може да го намалат бубрежното заболување кај луѓето со дијабетес тип 2.
Во 2007 ма година, истражувањето на Универзитетот во Ворвик, финансирано од фондација Diabetes UK , покажа дека луѓето со дијабетес тип 1 и тип 2 имаат околу 75 проценти помалку нивоа на витамин Б1 од луѓето без дијабетес. Можеби ова не се должи на исхраната, туку на брзината со која витаминот се исфрлува од телото.
Студија за бубрежна болест поврзана со дијабетес
Во пилот клиничко истражување во Лахоре, Пакистан, се истражуваа ефектите од терапијата со витамин Б1 врз бубрежното заболување поврзано со дијабетес кај 40 луѓе со дијабетес тип 2.
Студијата покажа дека по три месеци терапија со Б1, нивото на протеини (микроалбуминурија) во урината се намалило и 35 % од учесниците имале нормални нивоа. Присуството на протеини во урината е знак за оштетување на бубрезите. Според истражувачите, учесниците не доживеале никакви несакани ефекти од третманот.
Понатамошни студии
Истражувачите сега бараат да спроведат поголеми клинички испитувања за да ги потврдат овие охрабрувачки резултати од пилотското истражување. Тие, исто така, ќе работат на проект финансиран од Diabetes UK за да разберат зошто на прво место се губи толку многу тиамин кај луѓето со дијабетес.
Досега ветувачки резултати
Потребно е големо клиничко испитување
„Diabetes UK се надева дека ќе биде возможно големо клиничко испитување, бидејќи досегашните резултати се многу ветувачки“, рече д-р Lain Frame, директор за истражување во Diabetes UK.
Сè уште нема цврсти заклучоци затоа НЕ посегнувајте по витамински додатоци.
Сепак, би сакале да нагласиме дека сè уште е рано да се дојде до цврсти заклучоци за улогата на витаминот Б1 и не би советувале луѓето да бараат витамински додатоци за да го намалат ризикот од компликации на бубрезите во оваа фаза.
Три темели на доброто управување со дијабетесот
Земањето на препишана терапија, здравата урамнотежена исхрана и редовната физичка активност се клучни за доброто менаџирање со дијабетесот.
Професорот Пол Торнали, водечки истражувач на Медицинскиот факултет во Ворвик, рече: „Ова е прва студија од ваков вид и сугерира дека коригирањето на дефицитот на тиамин кај луѓето со дијабетес со додатоци на тиамин може да обезбеди подобрена терапија за рана фаза на бубрежна болест“.
Истражувањето е објавено на интернет во списанието Diabetologia.(1)
Храна Богата со Витамин Б1
Свинско месо.
Риба.
Грав, леќа.
Грашок.
Збогатени интегрални житарки, интегрален леб, тестенини, ориз.
Семки од сончоглед.
Јогурт. (2)
Според дневна потреба (ДП):
1.Нутритивен квасец – 2 лажици: 9,6 милиграми (640 проценти Дневна потреба Д.П)
2.Алги (како спирулина) – 1 чаша алги: 2,66 милиграми (216 проценти ДП)
3.Семки од сончоглед – 1 чаша: 2 милиграми (164 проценти ДП)
4.Макадамија Ореви – 1 чаша: 1,6 милиграми (132 проценти ДП)
5.Црн грав – 1/3 шолја неварен, или околу 1 чаша варен: 0,58 милиграми (48 проценти ДП)
6.Леќа – 1/3 чаша неварена или околу 1 чаша варена: 0,53 милиграми (44 проценти ДП)
7.Органски Едамем/Соја – 1/3 шолја неварена, или околу 1 чаша варена: 0,53 милиграми (44 проценти ДП)
8.Бел грав – 1/3 шолја неварен или околу 1 чаша варен: 0,53 милиграми (44 проценти ДП)
9.Зелен грашок – 1/3 чаша неварен, или околу 1 чаша варен: 0,48 милиграми (40 проценти ДП)
10.Говедски црн дроб – 13 oz. варено парче: 0,32 милиграми (26 проценти ДП)
11.Аспарагус – 1 чаша варен: 0,3 милиграми (25 проценти ДП)
Други храни богати со тиамин се :спанаќ, модар патлиџан, сушени домати, компири, сусам, оризови трици, пченични никулци, овес, јачмен, млечни производи како јогурт или сирење, портокали. (3)
Извор 1. https://www.diabetes.org.uk/about_us/news_landing_page/2008/can-vitamin-b1-reduce-kidney-damage
2. https://www.hsph.harvard.edu/nutritionsource/vitamin-b1
3.https://draxe.com/nutrition/thiamine-foods/
Слика позајмена од : https://www.therascience.com/en_lu/nos-actifs/vitamines/vitamin-b1