Градоначалникот Филип Темелковски и претседателката на Баланс МК Наташа Деспотовска Димитриевска го претставија проектот за едукативните работилници за дијабетес во градинките

1969

Денес градоначалникот Филип Темелковски заедно со претседателката на Асоцијацијата за детски дијабетес на Македонија – Баланс МК Наташа Деспотовска Димитриевска пред медиумите го претставија проектот за едукативните работилници за дијабетес кои се одвиваат низ градинките во Општина Кисела Вода.

 

Истите имаат за цел едукција на воспитно-згрижувачкиот персонал во градинките, во насока на што поквалитетно згрижување на дечињата со дијабетес коишто ги посетуваат.

– Би сакал да кажам дека Општина Кисела Вода останува отворена за соработка со сите невладини организации и граѓански здруженија кои имаат за цел, како Баланс МК за подобрување на квалитетот на живот за граѓаните на општината. Во моментов  поточно од преземање на локалната власт се соочивме со фактот дека во нашите градинки има само едно медицинско лице. Во програмата за 2018 година направивме дополнување на буџетот за да може да ангажираме повеќе медицински лица кои без разлика дали станува збор за дијабетес или други болести, превентивно да може да делуваат кај дечињата. Ние имаме две градинки со 13 клона и во соработка со Министерството за труд и социјална политика гледаме да изнајдеме начин да ангажираме медицински лица во сите клонови на градинките. Досега праксата беше едно медицинско лице да ги посетува сите клонови кои се под соодветната градинка, истакна градоначалникот Филип Темелковски.

– Целта на оваа пресс конференција е да ја информираме јавноста за соработката помеѓу две различни институции Општина Кисела Вода и една од најстарите пациентски здруженија во борбата со дијабетесот во Македонија, а тоа е асоцијацијата за детски дијабетес Баланс МК – изјави Наташа Деспотовска Димитриевска претседател на БАЛАНС МК – Асоцијација за детски дијабетес.

– Проектот е едукација на воспитно згрижувачкиот кадар и персоналот во детските градинки на територијата на Општина Кисела Вода за дијабетесот односно за дијабетесот кај најмладата популација кај децата од предучилишна возраст. Овој проект на Баланс МК не ќе беше остварен доколку не наидовме на отвореност и подоготвеност за соработка со локалните власти на општина Кисела вода на чело со градоначалникот Филип Темелковски. Инаку, проектот и едукациите се сеуште во тек и сакам да Ве информирам за исклучително високиот и позитивен кодекс на вработените во градинките за заинтересираноста и намерата да се дознае нешто повеќе за дијабетесот кај малите деца. Едукацијата е поддржана од најрелевантаната здравствена институција од областа на дијабетесот во државата клиниката за ендокринологија. Од таму доаѓа стручно медицинско лице кое ја врши едукацијата. Со оваа основна базична едукација за дијбетес се опфатени 150 воспитувачки – негувателки во вкупно 13 објекти кои се наоѓаат во градинките на територијата на Општина Кисела Вода, додаде во своето излагање Деспотовска Димитриевска.

Извор: http://www.kiselavoda.gov.mk/index.php/naslovna/novosti/1695-2018-02-12-14-21-30