Гликозилираниот хемоглобин e лабораториски тест кој го покажува просечното ниво на шеќер во крвта (гликоза) во текот на претходните 3 месеци. Дава јасна слика за тоа колку добро го контролирате Вашиот дијабетес. За луѓе кои немаат дијабетес HbA1c од 4,4 – 6,6 % се смета за идеална вредност. За лица со дијабетес HbA1c до 7% покажува добра контрола на дијабетесот. Колку се повисоки вредностите толку е повисок ризикот од развивање на компликации поврзани со дијабетесот.
Гликозилираниот хемоглобин (хемоглобин A1c, HbA1c, A1C, или Hb1c) е форма на хемоглобин кој се мери првенствено за одредување на просечната плазматска концентрацијата на глукоза во текот на подолго време. Се формира не-ензимски од изложеност на хемоглобинот на плазматската гликоза. При нормални нивоа на гликоза се произведуваат нормални количини на гликозилиран хемоглобин. Ако просечното ниво на гликоза во плазмата се зголемува, фракцијата на гликозилиран хемоглобин се зголемува на предвидлив начин. Ова служи како маркер за одредување просечното ниво на гликоза во крвта во текот на претходните месеци пред мерењето.
HbA1c настанува кога хемоглобинот ќе се поврзе со гликозата во крвта. Црвените крвни клетки во најголем процент се исполнети со молекули на хемоглобин, протеин кој има задача да го врзува и пренесува кислородот низ клетките. Кога хемоглобинот ќе се врзе со гликозата од крвта се создаваат гликолизирани молекули на хемоглобин уште познати како A1c или HbA1c. Колку повеќе гликоза има во крвта толку повеќе ќе го има и гликолизираниот хемоглобин. Црвените крвни клетки живеат во просек од 8-12 недели , па преку одредување на нивото на HbA1c чија концентрација е најголема токму во овие клетки, може да се даде проценка за просечната концентрација на гликозата во крвта за период од 2-3 месеци наназад.
Извор: http://www.avicenalab.com.mk; http://doktori.mk; http://diabetesandglucoseworld.com