Гликемиски индекс и гликемиско оптоварување

5328

 

За лица со дијабетес освен броење на јаглехидрати, од големо значење е да се знае и гликемискиот индекс (glycemic index -GI) на храната што ја внесува, како и гликемиското оптоварување (glycemic load -GL).
.
Гликемиски индекс е нумерички индекс кој ги рангира јаглехидратите врз база на гликемиска реакција (нивната трансформација во гликоза во човечкото тело). Односно мерка колку брзо шеќерот во крвта се зголемува по јадењето во интервал од 2 часа. Гликемиски индекс користи скала од 0 до 100. Чиста гликоза служи како референтна единица, и е одредена со гликемиски индекс од 100.
Гликемиски индекс  <55 се смета за низок
Гликемиски индекс 55-70 се смета за среден
Гликемиски индекс  >70 се смета за висок

Гликемиско оптоварувaње
Со пресметување на гликемиското оптоварување (glycemic load -GL) се добива уште попрецизна слика како шеќерот во крвта ќе делува по внесената храна. Со гликемиското оптоварување се пресметува колку секој грам од внесените јаглехидрати ќе го покачи шеќерот во крвта.
Гликемиското оптоварување се пресметува на следниот начин:
Се множи гликемискиот индекс на храна (како процент) со бројот на јаглехидрати во грами а потоа се дели со 100.

GL= GI/100 х net carbs
(ГО = ГИ / 100 х нето јаглехидрати)
Пример:
ГИ на крофна е 76
Крофната има 23 грама ј.х
76*23/100= 17.48
значи гликемиско оптоварување е средно (17.48)

Според многу нутриционисти гликемиското оптоварување се класифицира на следен начин
Гликемиското оптоварување под 10 се смета за нисок ,
Гликемиското оптоварување од 11-19 среден ,
Гликемиското оптоварување над 20 се смета за висок.

Според истражувањето на  European Journal of Clinical Nutrition постои силна корелација меѓу консумирање на храни со високо гликемиско оптоварување и високо ниво на шеќер во крвта. Поради ова, главна препорака за лица со дијабетес е да изборот на храна биде со низок гликемиски индекс и ниско гликемиско оптоварување .

glikemiski indeks.jpg

(извор: http://nutritiondata.self.com/help/estimated-glycemic-load#ixzz4wkeEra12; табела Ана Гифинг)