Бенефит
Помага во конвертирање на храната во енергија и синтеза на глукоза.На организмот му треба биотин за да ги метаболизира мастите, јаглехидратите и протеините.
Тој е коензим за ензими на карбоксилаза. Овие ензими се вклучени во:
– синтетизирање, или создавање на масни киселини
– синтетизирање на аминокиселините изолеуцин и валин
– глуконеогенеза или генерирање гликоза
Биотинот е важен за голем број функции.Корисен е за здрави коски. Некои луѓе користат Биотин за да ги зајакнат ноктите и косата, но недостасува докази што ја поддржуваат оваа употреба.
Неколку студии ја тестираат можноста на биотинот за намалување на гликозата во крвта кај луѓе со дијабетес тип 1 и тип 2.
Во студиите за животни, биотинот се покажа дека го стимулира лачењето на инсулин од панкреасот (кај лица со дијабетес тип 2) и последователно ја намалува гликозата во крвта.
Едно истражувањето објавено во 2016 година посочи дека биотинот може да помогне при контрола на гликемијата кај луѓе со дијабетес тип I.
Контрола на невропатија
Исто така, може да помогне да се намали оштетувањето на нервите кај луѓе кои имаат дијабетес или кои се подложени на дијализа за заболувања на бубрезите.
Во 1990 година, научниците абележале подобрување на симптомите кај тројца пациенти кои земале голема доза на биотин од 1 до 2 години, з.
Биотинот е неопходен за активност на пироват карбоксилаза. Без ова, може да се појават високи нивоа на пироват и аспартат, а тоа може негативно да влијае на нервите.
Некои студиите сугерираат дека терапијата со голема доза на биотин може да помогне во подобрување на симптомите кај лица со мултиплекс склероза (МС), автоимуна болест која влијае на нервниот систем, што доведува до слабост во мускулите и низа други проблеми.
Според некои објавени резултати во 2016 година укажува дека биотинот е безбедна терапија. Кај некои учесници во ова истражување, висока доза, земена три пати на ден,ги намалалува симптоми по 9 месеци употреба
Извори на храна
Извори на исхрана вклучуваат црвено месо, јајца, семиња и ореви,соја , интегрален ориз и др.
Треба да знаете
Телото преку гастроинтестиналните бактерии може да го синтетизира овој витамин но се уште не е докажано дали може да се апсорбира.
Препорачан дневен внес
М: 30 мкг
Ж: 30 мкг
Извор:https://www.health.harvard.edu/staying-healthy/listing_of_vitamins;
https://www.medicalnewstoday.com/articles/287720#health-benefits
Слика :123RF.com