Бенефит
Помага во синтеза на невротрансмитери, стероидни хромони, хемоглобин. Помага при производство на енергија со тоа што ги разградува мастите и јаглените хидрати. Исто така е важен за здрава кожа, коса, очи и црн дроб.
Потребен е за претворање на храна во гликоза, во синтеза на холестерол, формирање на хормони поврзани со стресот, формирање на црвени крвни клетки
Како и со сите витамини во Б, пантотенската киселина му помага на телото да ги разложи мастите, јаглехидратите и протеините, така што нашите тела можат да ги користат за енергија и обнова на ткивата, мускулите и органите. Витаминот Б5 е потребен за синтеза на коензимот А.
Коензим А.
Коензимот А е вклучен во синтезата на масни киселини и е важен за претворање на храната во масни киселини и холестерол.
Исто така на црниот дроб му е потребен Коензим А за безбедно метаболизирање на некои лекови и токсини.
Дигестивниот систем
Витаминот Б5 помага во одржувањето на здрав дигестивен систем и му помага на организмот да користи други витамини, особено витамин Б2. Витаминот Б2 помага во управувањето со стресот, но нема докази дека пантотенската киселина го намалува стресот.
Добри извори на храна
Витаминот Б5 е широко распространет и кај животинските и во растителните производи.
Месо: свинско, пилешко, мисиркино, говедско месо, а особено животински органи како што се црниот дроб и бубрезите
Риба: Лосос, школки.
Зрна: интегрални леб и житарки. Целите зрна се добар извор на витамин Б5, но мелењето може да отстрани до 75 проценти од содржината на Б5.
Млечни производи: жолчка од јајце, млеко, јогурт и млечни производи.
Мешунки: Леќа, грашок и соја.
Зеленчук: печурки, авокадо, брокула, сладок компир, пченка, карфиол, кељ и домати.
Овес, кикирики, семки од сончоглед,метичен млеч и др.
Треба да знаете:
Недостигот на витамин Б5 предизвикува чуство на горење на стапалата и други невролошки симптоми. Витаминот Б5 е исто така познат како пантотенска киселина, или Пантотенат. Зборот пантотен потекнува од грчкиот „панту“, што значи насекаде. Скоро целата храна содржи мали количини пантотенска киселина.
Препорачана дневна доза
М: 5мг
Ж:5 мг
Извор: www.health.harvard.edu/staying-healthy/listing_of_vitamins;
https://www.medicalnewstoday.com/articles/319429#sources-of-vitamin-b-3
Сликата е превземена од :://vitaminstvo.ru/vitamin-v5-dlja-chego-nuzhen/