Бенефит
Витаминот Б2 или рибофлавин, е еден од осумте витамини Б, кои се неопходни за здравјето на луѓето. Од клучно значење е за разложување на храната, апсорпција на хранливи материи и одржување на ткивата. Потребен е за здрава кожа, коса, крвоток, правилно работење на мозокот итн.
Витаминот Б2 помага во разградување на протеините, мастите и јаглехидратите. Тој игра клучна улога во одржувањето на снабдувањето на организмот со енергија.
Рибофлавинот помага да се претворат јаглехидратите во аденозин трифосфат (АТП). Човечкото тело произведува АТП од храна, а АТП произведува енергија како што тоа го бара телото. АТП е од витално значење за зачувување на енергија во мускулите.
Витамин Б е од суштинско значење за:
Одржување на мукозните мембрани во дигестивниот систем
Одржување на здрав црн дроб
Претворање на триптофан во ниацин, аминокиселина
Одржување на здрави очи, нерви, мускули и кожата
Впива и активира железо, фолна киселина и витамини Б1, Б3 и Б6
Помага во производсво на хормони на надбубрежните жлезди
Спречува развој на катаракта
Некои истражувања покажуваат дека витамин Б2 може да помогне во спречување на катаракта и мигрена, но потребни се дополнителни студии за да се потврди ова.
Други студии откриле дека кај деца со аутизам, додатоците на витамини Б2, Б6 и магнезиум се чини дека ги намалуваат нивоата на абнормални органски киселини во урината.
Витаминот Б2 е хидросолубилен, растворлив во вода.
Витамин Б2 треба да се внесува секој ден.
Добри извори на храна
Риба, месо и живина, како што се мисирка и пилешко, говедско, бубрези и црниот дроб, jајца, млечни производи, аспарагус, артишок, авокадо, рибизли, грав, грашок, меласа, печурки, ореви, магдонос, тикви, шипинка, слатки компири, брокула, бриселска зелка, спанаќ, леб од цели зрна, млеко, млечни производи, месо, зелен лиснат зеленчук, житарки,
Треба да знаете
Повеќето луѓе од развиени земји немаат дефицит од овој витамин
Препорачан дневен внес
М: 1.3 мг
Ж: 1.1 мг
Извор: https://www.medicalnewstoday.com/articles/219561#sources; https://www.health.harvard.edu/staying-healthy/listing_of_vitamins
Сликата е превземена од :123rf.com