Витамин Б1(Тиамин)

1022

Бенфефит
Витамин Б1 помага во претварање на храната во енергија. Тој е од суштинско значење за метаболизмот на глукозата и игра клучна улога во нервната, мускулната и срцевата функција. Исто така потребен е за здрава кожа, коса, мускули.
Пациентите кои можат да примаат тиамин кога имаат ниско ниво на витамин Б1, се оние со периферен невритис, што е воспаление на нервите надвор од мозокот или пелагра.
Луѓето со улцеративен колитис, постојана дијареја и слаб апетит исто така може да добијат тијамин.
Некои спортисти користат тиамин за да помогнат во подобрување на нивните перформанси. Тоа не е забранета супстанција за спортисти во САД
Други услови во кои додатоците на тиамин можат да помогнат вклучуваат:
Сида

Катаракта
Глауком и други проблеми со видот
Синдром на церебеларна форма, вид на оштетување на мозокот
Рак на матката
Лица со дијабетес
Стрес
Срцева заболувања
Бубрежни заболувања кај пациенти со дијабетес тип 2
Ослабен имун систем.

Витаминот Б1 е хидросoлубилен витамин, растворлив во вода. Вишокот се исфрлува преку урината

Добри извори на храна:
Постојат високи концентрации на витамин Б1 во надворешните слоеви на житарките, во квасец, говедско, свинско месо, ореви, интегрални житарки, карфиол, црн дроб, портокали, јајца, кафеав ориз, компири, аспарагус, ќељ, соја , лубеница итн.
При готвење на храна која е богата со тиамин најчесто на високи температури тиаминот се уништува.
Бидејќи витамин Б1 не се складира во телото треба да се внесува секојдневно

Треба да знаете:
Поголем број на хранливи материи содржат тиамин во траги

Препорачан дневен внес.
М-1.2 мг
Ж-1.1 мг.
Извор : https://www.health.harvard.edu/staying-healthy/listing_of_vitamins;https://www.medicalnewstoday.com/articles/219545#benefits
сликата е превземена од : 123RF.com