ОСНОВНИ ПОДАТОЦИ
• Недоволната инсулинска продукција од панкреасот се заменува со индивидуално давање на различни инсулини во поткожното масно ткиво со инјекција или со инсулинска пумпа.
• Кај пациенти со инсулински дефицит, давањето на базален инсулин не смее да се прекине во било какви услови, дури иако мора да се намали дозата во одредени состојби.
• Режимот, базиран на повеќекратни дневни инјекции е основен начин на третман кај пациентите со тип 1 дијабетес. Ја имитира нормалната инсулинска секреција ноќе и помеѓу оброците (базален инсулин) и во текот на оброците (болус или инсулин во текот на оброк).
• Дури и кај добра контрола на дијабетесот, концентрациите на крвниот шеќер варираат и привремено високи концентрации се корегираат со додатна доза на брзо-делувачки инсулин (корективен инсулин) кој се дава со оброците.
• Пациентот се советува да ја прилагоди инсулинската доза на неговиот/нејзиниот дневен ритам, навиките за јадење, физичката активност и самоконтролата на крвниот шеќер (плазма гликоза концентрација).
• Добрите резултати на третманот се базирани на: o Добро водење и континуитет на грижа. o Прифаќањето на болеста од страна на пациентот како дел од неговиот живот. o Доволна и разумна самоконтрола на крвниот шеќер и преземање на мерки според резултатите од мерењето. o Способноста на пациентот да води дневна грижа за неговата болест. o Решавање на проблемите на пациентот заедно, неутрално и со постојано охрабрување.
• Со пациентот треба да се решава за индивидуални цели и начини на третман, земајќи ја во предвид животната состојба, склоноста на пациентот кон хипогликемии и неговата можност самостојно да го спроведува третманот.
• Хипогликемиите и сстравот од нив може да биде важна пречка за добра контрола на дијабетесот.
• Ако не се постигне добра гликемиска контрола (HbA1c ги надминува индивидуално договорените цели, се јавуваат епизоди на тешка хипогликемија или големи дневни варијации во крвниот шеќер) со соодветен инсулински режим кој се состои од брзо 2 делувачки и долго делувачки инсулини, пациентот треба да се следи за сензорско мониторирање на гликозата и да се размислува за инсулинска пумпа.
• Кај тип 1 дијабетес, исто така треба да има добра контрола на крвниот притисок и на крвните масти.
(Текстот е превземен од http://zdravstvo.gov.mk/ “Упатство за практикување на медицина заснована на докази при инсулински третман на тил 1 дијабетес“)