Видови Инсулин

1239

ИНСУЛИНСКИ АНАЛОЗИ

Се започнува со нив или се заменува кратко-делувачкиот инсулин со инсулински аналози (пр: лиспро инсулин). Ова нуди флексибилност на пациентите кои мораат да го менуваат распоредот на оброците поради работата. Ефектот на лиспро и аспарт инсулинот започнува скоро веднаш после инјектирањето. Инјекцијата треба да се даде непосредно пред оброк. Особено е важно оптимално дозирање на базалниот инсулин.

ИНСУЛИН GLARGINE Долго-делувачкиот хуман аналог инсулин гларгине вообичаено се инјектира еднаш дневно и нуди постабилно инсулинско снабдување со помал ризик за хипоглике-мии од NPH инсулинот. Кај околу 20% од пациентите со дијабетес тип 1 времето на инјектирање може да се промени (од навечер, наутро или на ручек), или може да е потребно да се подели во две дневни дози.Кога се менува од NPH на инсулин гларгине треба да се провери дозирањето на брзо-делувачкиот инсулин пред оброк. Проблемот со инсулин glargine е што по промената на дозата се потребни 2-3 дена да го покаже ефектот.

ИНСУЛИН DETEMIR Постои ограничено искуство со инсулин детемир. Според студиите, тоа е првиот базален инсулин со добро-предвиддлив ефект-интраиндивидуалниот ефект на ис-тата доза најмалку варира од сите инсулински типови.Инсулин detemir се инјектира два пати дневно.Вкупното траење на дејството е силно дозно-зависно: само 6 часови ако дозата е 0,1 единица/kg до максимум 20 часа при повисоки дози.Инсулин детемир е неутрален во однос на тежината: пациентите не ја покачуваат тежината, или дури може и да изгубат тежина

Извор: http://www.fzo.org.mk/WBStorage/Files/Endokrinologija.pdf