Вегетаријански пилаф со интегрален ориз

822
Потребни состојки:
6 тенки или 4 дебели стапчиња целер
4 моркови
1 мала китка магдонос
2 зелени пиперки
мала китка кориандер
мала китка копар
1 чаша интегрален ориз
зачини:кумин, сол, бибер
Подготовка:
Се сецкаат сите продукти ситно и се ставаат во сад со една лажица маслиново масло. Се додава оризот (претходно измиен) и се полева со 2 чаши вода. Се поклопува садот и се вари на тивко додека оризот не омекне.
 
Нутритивна вредност:
Вкупно 980 калории(kcal)-4 порции
Вкупно 181 гр. јаглехидрати
Вкупно 21 гр. масти
Вкупно 20 гр. протеини
1 порција 45 гр. јаглехидрати
1 порција 5.2 гр.масти
1 порција 5 гр. протеини
1 порција 245 калории