Булгур или ориз?

803
Меѓу ориз и булгур мојот избор секогаш е булгурот. Гликемискиот индекс на булгурот е 48 додека на оризот 87. Има повеќе растителни влакна од оризот и побогат е со протеини. Во 100 гр. булгур има 18 гр.растителни влакна, 12 гр протеини додека во оризот има само 1.3 гр. растителни влакна 7 гр. протеини. Булгурот исто е богат со витамини и минерали како што се магнезиум , фосфор, манган, железо, калциум, витамини од групата Б. Булгур е храна од жита направена од издробени, провриени зрна различни видови пченица најчесто дурум (цврста). Грубиот булгур се користи за правење готвени јадења, додека средните и фините зрна се користат како житарки за појадок, салати како што е кисир, пилав и др.