Во самата дефиниција на медицинската состојба наречена Дијабетес Мелитус, важни се два моменти:
– Нарушување на телото да произведе или да реагира на произведениот инсулин
-Како последица на нарушувањето на произведувањето инсулин, се јавува нарушување на метаболизмот на јаглехидратите.
Дијабетес Мелитус Тип 1 денес се решава исклучително со надворешна достава или инјектирање на инсулин во телото.
Тоа е првиот дел од управувањето со дијабетесот, инјектирање на инсулин. И тука нема компромис, ценкање. Животот на лицето со дијабетес зависи од таа достава на инсулин.
Вториот дел од управувањето со дијабетесот е броењето.
За да управувањето биде целосно потребно е броење на двете работи кои ја даваат самата дефиниција на состојбата наречена Дијабетес, а тоа се броење на инсулин, броење на јаглехидрати и нивна корелација.
Во услови кога природата на медицинската состојба е таква што инсулинот не се произведува во самото тело, туку мора се инјектира, од особена важност е одредување на количината на инсулин.
Со оглед дека за нормалните физиолошки потреби на телото се потребни како базален така и болусен инсулин, од особена важност е добрата координација и соработка со докторскиот тим.
Во продолжение следи табела на споредба на управување со дијабетес, со и без броење на јаглехидрати (и корелација со инсулинот)
Област | Со броење ЈХ | Без броење ЈХ |
Предвидливост | Голема предвидливост | Мала предвидливост |
Гликемиска контрола | Добра контрола | Лоша контрола со големи отстапувања на гликемиите |
Автономија | Голема автономија во текот на денот заради предвидливите гликемии. | Крајно намалена автономија за извршување на дневните активности |
Исхрана | Редовна, разновидна исхрана | Потхранетост, ограничен избор на намирници |
Социјален аспект | Вклученост во социјални настани со оброци, како родендени, кино, ресторани | Намалена социјална активност заради непредвидливост на гликемиите |
Избор | Право на избор на храна, количина, време | Често хранење на инсулинот наместо на човекот, заради несоодветност во дозите, немање избор на храна, ниту количина, а секако и временски ограничен живот. |
Протоколи за хипо и хипергликемии | Броењето инсулин и јаглехидрати овозможува справување со несакани настани како хипо и хипергликемии. | Без броење јаглехидрати и/или инсулин за корекции, управувањето со дијабетес е вон контрола и доведува до т.н. јо-јо ефект на скокање од хипо во хипергликемии и обратно. |
Кога телото не го произведува инсулинот, а оброкот мора да го покриете со соодветна доза на инсулин, панкреасот е во вашето знаење.
https://poinaku.blogspot.mk/2017/06/1-1.html?spref=fb