Броење на јаглехидрати

3807

 

Од голема важност е лицата со дијабетес да знаат да бројат јаглехидрати.
Со основно броење пресметуваме колку јаглехидрати внесуваме на секој оброк или ужина. Една лебна единица (ЛЕ) содржи меѓу 12-15 грама чисти јаглехидрати. На пример, доколку треба да внесете 60 гр. јаглехидрати односно 5 лебни единици доколку пресметуваме ( 1 ЛЕ=12 ЈХ) за појадок, можете да направите комбинација по ваш избор и да пресметате како во долу наведените табели:

Појадок Лебни единици ЛЕ Јаглехидрати гр.
Леб  78 гр. (пример доколку една кришка пченичен леб Нордик од Ж.Лукс е 26 гр. 3 кришки ) 3 ЛЕ 36
Сирење 60 гр 0 0
Јајце 1 варено 0 0
Путер 30 гр 0 0
Кисело млеко 250 мл 1 ЛЕ 12
Јаболко 100 гр 1 ЛЕ 12
Вкупно 5 ЛЕ 60

Или

Појадок Лебни единици ЛЕ Јаглехидрати гр.
Мусли од овес 40 гр. или 4 полни супени лажици 2 ЛЕ 24
Млеко 250 мл. или 1 чаша 1 ЛЕ 12
Малини 130 гр (1 грст) 1 ЛЕ 12
Капини 140 гр (1 грст) 1 ЛЕ 12
Вкупно 5 ЛЕ 60

Корисници на инсулински пумпи применуваат напредно броење на јаглехидрати.

Подготвил: Везире Старова