Бискоти со безгултенско брашно без сахароза(шеќер)

706

 

Перфектна комбинација со вашето кафе или чај☕️
Потребни состојки
1 јајце
1 м.л цимет
1 мала чаша ситно сецкано суво овошје
1 мала чаша непечен бадем или ореви
1 ванила
1 м.л пециво
1 чаша безглутенско брашно
Подготовка
Јајцето се мати со циметот. Се додава сувото овошје кое претходно е потопено околу 10 минути во топла вода Се додава исецкан бадем, ванила, брашно, пециво. Тестото се обликува како ролат. Се пече на 200 степени. Кога ќе се испече се вади од рерна и се сече ролатот на тенки кришки и повторно се става во рерна околу 10 -15 минути да се исушат бискотите.
Рецепт на Д.К
Нутритивна вредност🔎 Вкупно Калории 1214 =12 Бискоти
Јаглехидрати 148 гр.
Масти 64 гр.
Протеини 16 гр.
1 Бискот
101 калории
12.3 гр.јаглехидрати
5.3 гр. масти
1.3 гр. протеини

 

АКЦИЈА
Претодна содржинаОвес
Следна содржинаШто се Калории