Барање за современ здравствен третман на Дијабетес!

1930

Здружение на лица со дијабетес „Шеќерче – Lollipop” Велес

 Здружение на лица заболени од дијабетес „ШЕЌЕРЧЕ – ЛИЛИПОП“ – Велес, е посветено да влијае врз политиките за подобри услуги и поголема грижа за здравјето на лицата со дијабетес, да ја зголеми свеста на јавноста и промовира размена на квалитетни информации за дијабетес, да се обезбеди едукација за лицата со дијабетес и нивните здравствени услуги.

Велес е средина во која се регистрирани вкупно 6.000 лица со дијабетес, од кои 1000 на инсулинска терапија. Во однос на вкупниот број на жители преваленцата на застапеност на лица со дијабетес е 13,5% , додека за Република Македонија изнесува 12,3% од вкупното население.

Поразителни факти се дека со дијабетес во Велес од 0 – 20 години се регистрирани 21 лицa (деца) со дијабетес Тип 1, а во текот на 2017 година идентификувани се најмалку 9 деца на возраст од 12-16 години со пред дијабетна состојба.

Затоа активно и мотивирано продолжуваме со застапување на интересите на лицата со дијабетес, почнувајќи од остварување на загарантирано право на:

– Брза, целосна и ефективна здравствена заштита во Центар за дијабетес.

– Набавка на  Инсулини и соодветна терапија, да бидат достапни нови групи на лекови, како што се: DPP4 inhibitori, GLP1 рецептор агонисти и ултра долго делувачки инсулини!
– Современ начин за редовно и континуирано мерење гликемија со дигитални глукомери!

– Постојана достапност и соодветна количина на Инсулин и терапија!

– Редовна и навремена контрола од Агенција за лекови – МАЛМЕД за Инсулинот!

Собрание на Здружение на лица заболени од дијабетес „Шеќерче – Лолипоп“ Велес

Претседател, Димче  Велев