Аткинсова диета

2522

Основоположник на Аткинсовата диета Др Robert Atkins  е познат по тоа што ја препорачува Аткинсовата диета за лица со тип 2 дијабетес за поефикасна контрола на дијабетесот. Долго време и го сметале како гуру во контрола  на гликемии на лица со тип 2 дијабетес. Диетата посебно добива во популарност во 2003-2004 година.
Може ли Аткинсовата диета да им помогне на лица со дијабетес?
Д-р Аткинс беше клучна фигура кој пораспространето  ја посочи  врскатата помеѓу дебелината и инсулинот. Во тоа време, дијабетес беше често  третиран со исхрана богата со скроб, јаглехидрати и шеќери. Аткинс одигра важна улога во разбирањето колку рестрикција на јаглехидрати може да доведе до постабилни гликемии и е од есенцијално значење за менаџирање на  дијабетес тип 2.
Како функционира  Аткинсовата диета?
Аткинсова диета имa неколку фази, кои последователно се применуваат една по друга. Диетата започнува со одреден број на фази, кои се наменети да се следат во посебен ред. Исхраната започнува со ниски дневни дози на јаглехидрати од 20 грама на ден. Ова е индукциска фаза на диетата.Во следните фази постепено се вклучуваат храни со поголемо ниво на јаглехидрати, се додека не се дојде до сакана тежина и одржување на таа тежина. Крајна фаза од диетата, се одржува саканата добиена тежина а со тоа и се одржува баланс со адекватниот внес на нутриенти.
Што критичарите велат за Аткинсовата диета?
Иако оваа диета е доста популарна сепак долготрајанта примена  може да доведе до големи  критики од страна на здравстените работници.
Критиката е во екцесивен внес на протеини и масти од анимално потекло кои може да доведат до оштетување на бубрезите и црниот дроб како резултат на кетоните.
Пролонгираниот период на изложеност на кетони, која е заедничко својство на диети со мал внес на јаглехидрати  според многу експерти се смета за штетен.

Пример на Аткинсова диета:

atkins20%d0%bc%d0%ba

(Тесктот е превземен од http://www.diabetes.co.uk/diet/atkins-diet.html; табела е преземена од https://www.atkins.com/how-it-works/atkins-20 ; Сликата на лого е превземена од  www.atkins.com)