Арапско лепче -Аrabic bread.

967
Потребни состојки:
  • 200 гр. брашно,
  • 100 мл. вода,
  • 1 лажица маслиново масло, сол.
Подготовка :
Во длабок сад ставете вода, сол и ставете половина од брашното и мешајте се лажица. Ставете една лажица маслиново масло и додадете го остатокот од брашното и замесете го тестото. Потоа покријте го со крпа и оставете да стои 30 минути. Поделете го тестото на 8 мали парчиња и со мала оклагија отворете го тестото едно по едно во облик на круг . Во загреана тава печете од една страна околу 20-30 секунди и завртете на друга страна
Нутритивна вредност.
Вкупно 847 калории(kcal) 8 лепчиња,
Јаглехидрати 153 гр.
Масти 15 гр.
Протеини 21 гр.
Едно лепче 105 калории,
19 гр. јаглехидрати,
1.8 гр. масти,
2.6 гр. протеини.