Антиоксиданси

1607

Земајки предвид дека нерегулираните нивоа на шеќер во организмот, односно вишокот на молекули на гликоза кои не се дистрибуирани во клетките се врзуваат со протеини формирајки таканаречени гликациски продукти кои практично се однесуваат како слободни радикали и вршат оштетувања на ѕидовите на артериите и помалите крвни и допринесува до зголемување на крвниот притисок кој е причинител на најголемиот број на компликации при дијабетесот. Од таа причина се препорачува лицата со дијабетес да го зголемат внесот на антиоксиданси во исхраната. Постојат голем број на антиоксиданси присутни во различни прехрамбени намирници, но зголемениот внес на зеленчук и конкретни видови на овошје овозможува оптимален внес на различнивидови полифеноли, флавоноиди и други групи на антиоксиданси како што се антоцијанините (доминантни во бобичестото овошје), бета-каротенот  и лутеинот (во морковот и зелениот лиснаст зеленчук), кварцетинот (во широк спектар овошје и зеленчук), катекини (во зелениот чај), астаксантин (во лососот и алгите), ликопенот (присутен во доматите и лубеницата), ресваратролот (од грозјето) и други антиоксиданси. Внесувањето на зелка, брокула, карфиол, ротквици и други намирници болати со сулфур (како јајцата , печурките, кромидот, лукот и празот) овозможуваат продукција на глутатион – најмоќниот ендоген антиоксиданс кој го создава организмот. Покрај наведените антиоксиданси важни за превенцијата на невропатија и ретинопатија имаат и алфа –липоичната киселина, моќен антиоксиданс кој го има во органското месо, брокулата, спанаќот и др. извори.   Коензим Q10 е внатре клеточен антиоксиданс кој овозможува производство на енергија во клетките (овозможува оптимална продукција на енергија во циклусот на клеточна респирација).  Намирници богата со Коензим Q10 се телешко  и органско месо, риба, јаткасти плодови, брокула, спанаќ, карфиол, семиња и други намирници.

Покрај тоа што треба да се практикува зголемент внес на антиоксиданси, лицата со дијабетес треба да обезбедат и оптимални нивоа на одредени, клучни микронутриенти кои го регулираат метаболизмот на шеќерите и мастите во организмот.

 

Подготвиле:
Сашко Дрвошански
Везире Старова