Витамини се органски соединенија.
На човечкиот метаболизам потребни му се 13 витамини: витамин А (ретиноли и каротеноиди), витамин Б₁ (тиамин), витамин Б₂ (рибофлавин), витамин Б₃ (ниацин), витамин Б₅ (пантотенска киселина), витамин Б₆ (пиридоксин), витамин Б₇ (биотин), витамин Б₉ (фолна киселина или фолати), витамин Б₁₂(кобаламини), витамин Ц (аскорбинска киселина), витамин Д (калцифе-роли), витамин Е (токофероли и токотриеноли) и витамин К (квинони).
- Витамините имаат различни биохемиски функции.
Некои форми на витамин А функционираат како регулатори на растот на клетките и ткивата и нивна диференцијација. - Витамините од Б комплексот функционираат како ензимски кофактори (коензими) или прекурсори на истите.
- Витамин Д има функција слична на хормоните како регулатор на минералниот метаболизам на коските и другите органи.
- Витаминот Ц и Е функционираат како антиоксиданти.
Сликата е превземена од timesofindia.