Чорба од домати и хељда

695

Предлог за вечера
Чорба од домати и хељда
Потребно е
✅1/2 чаша хељда
✅4 рендани домати
✅1 л. путер
✅2 чешни лук
✅сок од лимон
✅оригано, сол

Подготовка
Доматите се рендаат. Лукот се сецка и се пропржува кратко со путерот . Се додава рендан домат, хељда (претходно измиена), вoда 250 мл . Се зачинува со сол, оригано. Се вари на среден огин (4ка од 9) околу 20 минути.
Пред да послужите посипете сок од лимон и магдонос.

Доматите го забрзуваат метаболизмот а хељдата ќе ви даде чуство на ситост. Можете наместо хељда да ставите интегрален ориз, киноа. Важно е да биде безглутенска житарка.