Чипс од леќа

492

Конечно да јадам чипс без грижа на совест😀

Здраво, брзо и лесно за подготовка. Мора да пробате!!!

Потребно е
✅1 чаша црвена леќа
✅1 чаша вода
✅Сок од 1/2 лимон
✅2 м.л рузмарин
✅1м.л сол
✅2 с.л маслиново масло

Подготовка

1 чаша леќа се кисне во 2 чаши вода околу 3 часа.
Се цеди водата, се става во блендер и се додава една чаша вода, сол, сок од пола лимон, 2 м.л лажици рузмарин 2 с. лажици маслиново.
Во плехот се става хартија за печење и се истура смесата и со шпатула се мазни. Треба да биде тенок слој .
Се пече на 170 с . Кога ќе пожолти се вади плехот и се сече на коцки или триаголници и се враќа повторно да се допече. По неколку минути повторно се вади плехот од рерна и се вртат на друга страна и се враќа да се допечат уште минута две.
Внимавајте да не изгори !!!
Треба постојано да проверувате!

Послужете со хумус.

Рецептот е на Е.С

Нутритивна вредност на 1 чаша црвена леќа(190-200 гр)

Калории 720
Јаглехидрати 120гр од кои
Растителни влакна 60 гр
Протеини 52 гр
Масти 2 гр