Чипс од леќа

580

 

Потребно е

1 чаша црвена леќа

1 чаша вода

Сок од 1/2 лимон

2 м.л рузмарин

1м.л сол

2 с.л маслиново масло

Подготовка

1 чаша леќа се кисне во 2 чаши вода околу 3 часа. Се цеди водата, се става во блендер и се додава една чаша вода, сол, сок од пола лимон, 2 м.л лажици рузмарин 2 с. лажици маслиново. Во плехот се става хартија за печење и се истура смесата и со шпатула се мазни. Треба да биде тенок слој . Се пече на 170 с . Кога ќе пожолти се вади плехот и се сече на коцки или триаголници и се враќа повторно да се допече. По неколку минути повторно се вади плехот од рерна и се вртат на друга страна и се враќа да се допечат уште минута две. Внимавајте да не изгори !!! Треба постојано да проверувате! Послужете со хумус.

Нутритивна вредност на 1 чаша црвена леќа(190-200 гр)

Калории 720

Јаглехидрати 120гр од кои

Растителни влакна 60 гр

Протеини 52 гр

Масти 2 гр