Потребно е
✅1/4 чаша (околу 50 гр ) чиа семе
✅200 мл бадемово млеко
✅1 л. мед
✅3 киви
✅аронија/капини било кое шумско овошје за украсување
Подготовка
Измешјате ги млекото медот и чиа семињата и оставете да отстои преку ноќ.
Следниот ден блендирајте 3 киви и во цедалка оставете да отстои 10 минути за да не биде многу течно.
Ставете еден слој пудинг од чиа еден слој пире од киви повторно чиа пудингот и на крај украсете со ситно исецкано киви и аронија.
(Водата што ќе се исцеди од кивито ставете ја во сок од исцеден лимон)
Нутритивна вредност
100гр киви има
61 гр. калории(kcal)
15 гр. јаглехидрати од кои
3 гр. растителни влакна
1 гр. протеини
1 гр. масти
Кивите се богати со :
Витамин Ц
Калиум
Магнезиум
Витамин К
Бакар
Растителни влакна.
Кивито е моќен антиоксидативен извор на : лутеин, зеаксантин. Едно поголемо киви содржи 171мг лутеин. Многу истражувања покажуваат дека редновното јадење киви, значително придонесува за намалување на инфламаторните процеси. Кивите се извонредно добра храна за очите и кожата. Многу научни истражувања укажуваат дека лутеинот и зеаксантинот превенираат од макуларна деградација која е застапена кај повозрасната популација.Кивито помага во производство на колаген. Благодарение на присуството на калиум, кивито помага во намалување на крвниот притисок. Додека растителните влакна помагаат да се регулира липидниот статус. Кивито содржи витамин к и мали количини на калциум и магнезиум, кои се важни минерали за здравјето на коските.
Кивите помагаат во дигестија на протеини поради присуството на актинидаин. Актинидаин е еден вид ензим цистеин протеаза кој се наоѓа во киви, ананас, манго, банана и папаја. Содржината на серотонин овозможува подобар сон.