Чиа пудинг со киви

569

Потребно е

1/4 чаша чиа семе
1 чаша незасладено бадемово или кокосово млеко
1 лажица јаворов сируп
1 лажичка екстракт од ванила
3 киви, излупени + 1 киви, излупени и исечени на парчиња
боровинки или капини
кокосови снегулки

Подготовка

Измешајте чиа семе, млеко, јаворов сируп и ванила во стаклен сад или тегла и оставете да отстои преку ноќ во фрижидер.

Следниот ден измешајте ја сместа убаво. Кивито ставете го во блендер и направете пире. Доколку ви изгледа дека е мнопгу течно поминете го пирето низ цедалка.

Редете еден ред чиа пудинг еден ред пире од киви еден ред чиа пудинг и одозгора исечени киви на ситни парлиња, боровинки или капини и кокосови снегулки

 

Сликата е позајмена https://www.eatingbirdfood.com/kiwi-chia-pudding-parfait/