Харис Бенедиктова формула за одредување на базален метаболизам

754

Одредување на базален метаболизам според Харис Бенедикт (basal metabolic rate -BMR)

Првата формула на Harris–Benedict е објавена 1918-1919 година

Мажи BMR = 66.5 + ( 13.75 × тежина во кг ) + ( 5.003 × висина во см ) – ( 6.755 × возраст години)
Жени BMR = 655 + ( 9.563 × тежина во кг) + ( 1.850 × висина во см) – ( 4.676 × возраст години)

Harris–Benedict’овата формула е ревидирана од страна на Roza и Shizgal во 1984.
Мажи BMR = 88.362 + (13.397 тежина во кг) + (4.799 × висина во см) – (5.677 × возраст години)
Жени BMR = 447.593 + (9.247 × тежина во кг) + (3.098 × висина во см) – (4.330 × возраст години)
95% точност кај мажи ±213.0 kcal/дневно, и ±201.0 kcal/дневно за жени

Harris–Benedict’овата формула ревидирана од Mifflin и St Jeor во 1990
Мажи BMR = (10 × тежина во кг) + (6.25 × висина во см) – (5 × возраст години) + 5
Жени BMR = (10 × тежина во кг) + (6.25 × висина во см) – (5 × возраст години) – 161

За да ги одредите вкупните дневни потреби на калории, множете го вашиот BMR со соодветниот фактор на активност, како што следува:
Ако сте седентарен тип – малку или воопшто не вежбате
Пресметка на калории = BMR x 1,2
Ако сте лесно активни (лесни вежби / спорт 1-3 дена / недела)
Пресметка на калории = BMR x 1,375
Ако сте умерено активни (умерено вежбање / спортување 3-5 дена / недела)
Пресметка на калории = BMR x 1,55
Ако сте многу активни = BMR x 1,725 (напорно вежбање / спортување 6-7 дена / недела)
Пресметка на калории = BMR x 1,725
Ако сте многу активни со напорно секојдневно вежбање (многу напорно секојдневно вежбање / спорт и физичка активност или 2X дневен тренинг)
Пресметка на калории = BMR x 1,9

Извор:https://www.omnicalculator.com/health/bmr-harris-benedict-equation