ХИПОГЛИКЕМИЈА КАЈ ЛУЃЕ СО ДИЈАБЕТЕС

285

ЦЕЛИ
Треба да се размислува за можност за хипогликемија кај секој пациент со дијабетес, специјално со тип 1 дијабетес.
Да се избегне пристап на хипогликемија, дозирањето треба да се провери секогаш
кога пациентот има:
Симптоми на хипогликемија.
Ниско ниво на плазматскиот крвен шеќер (< 3.3 mmol/L) при домашно
мерење.
Ниски нивоа навечер (плазма гликоза < 3.3 mmol/L) се особено опасни.
Третманот на постарите пациенти со сулфонилуреа треба да се земе предвид со
големо внимание.
КРИТЕРИУМИ ЗА ХИПОГЛИКЕМИЈА
Ниско ниво на плазматска гликоза (< 3.0 mmol/L или 3.3 mmol/L, адекватно, кај
тешка хипогликемија < 2.5 mmol/L или 2.8 mmol/L).
Карактеристични симптоми за хипогликемија (можат да отсуствуваат, види подолу).
Симптомите исчезнуваат по давање гликоза.
СИМПТОМИ НА НЕНАДЕЈНА АДРЕНЕРГИЧНА ХИПОГЛИКЕМИЈА
Симптоми
-Палпитации на срцето
-Потење
-Глад
-Тремор на рацете
-Вознемиреност
Забележи дека овие симптоми можат да исчезнат со траење на дијабетесот или
ако гликозниот баланс бил кон долната граница и пациентот имал повторувани
хипогликемиски пристапи. Во последниот случај, зголемување на нивото на крвниот шеќер може за неколку недели или месеци да ги обнови предупредувачките
симптоми.
Ако нивото на крвниот шеќер било високо подолг временски период, некои пациенти можат да развијат симптоми на хипогликемија дури и кога нивото на крвниот
шеќер е нормално. Ова може да е резултат делумно на физиолошката адаптација,
што може да се коригира со подобрување на гликозаниот баланс. Често причина е
стравот на пациентот од хипогликемија како резултат на поранешни искуства. Се
препорачува дискусија со пациентот за проблемот.
НЕВРОГЛИКОПЕНИЧНИ СИМПТОМИ
-Знаци на тешка хипогликемија
-Главоболка
-Конфузија
-Нарушувања во видот, специјално двојни слики
-Нарушувања на однесувањето на личноста
-Губење на свеста и грчеви
ПАЦИЕНТИ СО РИЗИК
Ризикот за хипогликемија е поголем кај лица со дијабетес што:
Имаат добра метаболна контрола и кај кои отсуствуваат симптомите за
хипогликемија.
Имаат многу ниско ниво на вечерниот крвен шеќер (утринското ниво на крвен
шеќер на гладно може да биде дури високо).
Имаат физичка активност со поголем интензитет нередовно.
Го занемаруваат третманот, најчесто поради погрешно користење алкохол.
Порано имале сериозни хипогликемии.
Земаат други лекови, кои е можно да ги маскираат симптомите на
хипогликемија.
Запомни за третманот кај постари луѓе со сулфонилуреа и инсулин како ризикфактор.
Третман
Умерените симптоми карактеристични за хипогликемија треба да се третираат со
ужини што содржат 10 гр гликоза, која брзо се ресорбира. Ако симптомите не исчезнат за 10 минути, треба да се земе уште една ужина.
Препорачаната ужина содржи:
Сируп од концентриран раствор на шеќер (10 коцки шеќер во топла вода),
дадено со лажица
1 дл (половина чаша) овошен сок
2 дл (чаша) млеко

1 парче овошје
1 дл лимонада со шеќер
1 дл сладолед
3-5 парчиња шеќер
1 таблета фруктоза (10 гр)
1 лажица мед
20 гр чоколадо
При јасна хипогликемија дај една ампула глукагон (1 mg). Дозата е иста за возрасни и за деца. Содржината на ампулата се раствора во растворувач што го има во
пакувањето и се инјектира супкутано или интрамускуларно.
За пациенти во несвесна состојба се дава 10% раствор на гликоза како брза инфузија додека пациентот не се освести. Инјекцијата глукагон може да се даде како
прва помош. Несвесните пациенти не смее да се форсираат да пијат, но, сепак,
концентриран раствор шеќер може да им се понуди со лажица ако нема друг достапен третман.
ПОНАТАМОШЕН ТРЕТМАН
Потребно е да се проверат лековите што ги добиваат луѓето со дијабетес и да се
испитаат причините за хипогликемијата.
Ако пациентот е збунет, интоксициран или во лоша состојба, треба да се
хоспитализира поради набљудување за да се избегне повторување на
хипогликемијата.
По следењето, пациентот може да си оди дома ако состојбата се подобрува
и ако се смета дека неговата способност за препознавање на хипогликемија
е доволна. Треба да се намали инсулинската доза. Треба да се договори понатамошна контрола кај лекарот или сестрата за да се пронајде причината за
хипогликемијата и за да се контролира третманот. На пациентот му се потребни јасни совети.
Пациентот постојано треба да носи парче чоколада. Една амула глукагон треба да се чува дома во случај на потреба.
Ефектот на сулфонилуреата е долготраен. Хипогликемијата предизвикана од
сулфонилуреа треба да се набљудува најмалку 24 часа.
Мали деца треба да се набљудуваат хоспитално и да се разговара со родителите за избегнување вакви состојби во иднина.
Ако пациентите не се освестуваат и покрај нормализирањето на крвниот шеќер,
мора да се хоспитализираат. Ова може да е во состојба на:
Оштетување на мозокот како резултат на хипогликемија или
Друго етиолошко објаснување за губење на свеста.

Извор https://fzo.org.mk/WBStorage/Files/Endokrinologija.pdf