Фонд за здравствено о сигурување на Република Северна Македонија Издавање на лабораториски упат ЛУ 1- COVID – 19 од избран лекар

635

11.01.2021 година
СООПШТЕНИЕ
Издавање на лабораториски упат ЛУ 1- COVID – 19 од избран лекар
Во Службен весник на Република Северна Македонија бр.303/2020 на 21.12.2020 година, објавена
е Одлуката за дополнување на Одлуката за утврдување на обрасците предвидени во Правилникот
за содржината и начинот на остварување на правата и обврските од задолжителното здравствено
осигурување, со која се воведува новиот образец на Лабораториски упат 1 – COVID-19-(SARS-CoV2) -“ЛУ1-COVID-19. На одлуката направена е исправка во Службен весник на Република Северна
Македонија бр.311/2020 од 28.12.2020 година, со која е објавен и самиот образец на овој упат кој
е потребно да се применува во пракса.
Со Лабораторискиот упат 1 – COVID-19-(SARS-CoV-2) -“ЛУ1-COVID-19, се овозможува на избраниот
лекар од дејноста општа медицина, заради следење на здравствената состојба на осигурени лица
заболени од COVID 19 кои се на домашно лекување, да може да им издаде ваков упат ЛУ1-COVID19 заради утврдување на вредностите на биохемиските лабораториски здравствени услуги: ДДимер и CRP.
Упатот може да се реализира во:
– сите јавни здравствени установи, (болници и здравствени домови),
– приватните здравствени установи кои имаат договор со Фондот за ЛУ 2 лабораториски услуги
– приватните здравствени установи кои имаат договор со Фондот за сите ЛУ 1 услуги: ЛУ 1-а, ЛУ1-
б, ЛУ1-в и ЛУ1-COVOD 19 со вработен лекар специјалист по медицинска биохемија кој може да ги
врши овие лабораториски испитувања.
Во прилог се наведени приватните здравствените установи кои имаат склучено договор со Фондот
за сите горенаведени ЛУ 1 лабораториски услуги:
– ПЗУ ПОЛИКЛИНИКА МЕДИКУС 92 – КАВАДАРЦИ
– ПЗУ АЛБИМИНИ – ПРИЛЕП
– ПЗУ ДИЈАГНОСТИЧКА БИОХЕМИСКА ЛАБОРАТОРИЈА МАКСИМ – С –ПРИЛЕП
– ПЗУ БИОТЕК ЛАБОРАТОРИЈА – СКОПЈЕ
– ПЗУ АВИЦЕНА ЛАБОРАТОРИЈА – СКОПЈЕ
– ПЗУ ДИАМЕД – СКОПЈЕ
Прилог: Табела на ПЗУ лаборатории со носител на дејност специјалист по медицинска кој може
да ги врши наведените лабораториски анализи за осигуреници заболени од COVOD 19