Физичка активност

608

Физичка активност

•Физичката активност ја подобрува физичката подготвеност и го зголемува расположението. Покрај подобрата гликемиска контрола, истовремено има и добар ефект на хиперлипидемијата, обезноста и на осетливоста на инсулинот. •Концентрацијата на глукоза во крвта може да падне значително ниско за време на физичката активност или неколку часа по активноста.•Напорни и долготрајни физички активности ефективната инсулинска доза за време на активноста мора да се намали(20-30%, или до 50%) и/или да се зголеми количината на внесени јаглехидрати.•Со мерење на своите нивоа на глукоза во крвта, пациентот ќе научи како да си ја одредува дозата на инсулин и внесот на јаглехидрати според обемот на физичката активност.•Кај тешка и долготрајна физичка активност, особено ако се изведува навечер, ефективната доза на инсулинот за време на вечерта треба да се намали (околу 10-20%).•При преголем внес на јагленихидрати, концентрацијата на глукоза ќе се зголеми за време на физичката активност, ако количината на инсулинот е прениска или стрес хормоните кои се создаваат за време на физичката активност ги надминуваат ефектите на инсулинот.•Промените во концентрацијата на глукоза се зависни одoНивото на инсулин во крвтаoТраењето и интензитетот на физичката активностoФизичката кондиција и мускулната подготвеност oХраната која се конзумира пред и за време на физичката активност.Општи совети за пациент кој се припрема за физичка активност•Избегнувајте физичка активност ако нивото на глукоза во крвта е поголемо од 15 mmol/l или ако има присутни кетони.•Конзумирајте јаглехидрати ако вашето ниво на глукоза во крвта е помало од 5–6 mmol/l, пр. Чаша од свеж сок од портокал = 20 g на јаглехидрати, разредени со вода.•Научете како физичката активност влијае врз глукозата во крвта со мерење на вашето ниво на глукоза во крвта пред и по физичката активност. oИдентификувајте ги ситуациите кои бараат промена на инсулинската доза или количината на храна.oLearn to identify how different exercise types affect your blood glucose level.•Ако е потребно конзумирајте дополнителни јаглехидрати со цел да превенирате хипогликемија за време на физичка активност.oКонзумирајте дополнителни јаглехидрати пред вежбање и на интервали од еден час за време на физичката активност (20–30 g/час), според индивидуалните потреби и нивоата на глукоза во крвта.•Секогаш носете со себе храна/сокови која содржи јаглехидрати, за време на и по физичката активност

3 •Ако физичката активност се изведува во периодот на најсилниот ефект на на брзо-делувачкиот инулин (1–2 h), намалете му ја дозата за 20-50%. oТреба индивидуално да се процени, според нивото на глукоза во крвта; не кај сите пациенти•По интензивна физичка активност, продолжете да ја следите вашата глукоза во крвта. Ако нивото на глукоза во крвта понатаму се намали, поправете ја со конзумација на јаглехидрати.•Според вашето искуство и мерењата на глукоза во крвта, може да процените дека е потребно намалување во ефективната инулинска доза за време на ноќта за 10-20% по физичката активност.