ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ И НИВО НА ГЛИКОЗА ВО КРВТА

301

 

Иако физичката активност може да го намали нивото на гликоза во крвта, да се биде физички активен може да влијае на различни начини. Во зависност од видот на активноста што ја правите, може да почувствувате дека нивото на гликоза се зголемува или намалува.

Ова може да ве натера да се чувствувате загрижени за започнување на нешто ново, особено ако сте на терапија со инсулин или препарати на сулфонилуреа а кои може да доведат до хипогликемија.  (Препарати на сулфонилуреа работат главно на стимулирање на клетките во панкреасот да лачат повеќе инсулин. Тие исто така му помагаат на инсулинот да делува поефикасно)

Спортување и нивото на гликоза во крвта пред вежбање

Ако сами ja проверувате гликозатa во крвта било тоа да е сензор или глукомер ,  обидете се да го правите тоа почесто околу времето кога ќе почнете да вежбате.

Не заборавајте секогаш треба да останете безбедни. Ако започнете да вежбате кога нивото на гликоза во крвта е високо, може да почувствувате дехидратација и замор. Ова може да ви го отежне извршувањето на вашата активност, па затоа е важно да останете хидрирани.

 

Препораки

Кога гликоза во крвта е помалку од
4 ммол/л
Вашето ниво на гликоза во крвта е премногу ниско и треба да го имате вообичаениот третман за хипо, како што се таблети со гликоза или засладени пијалоци, проследено со некои скробни јаглехидрати, како банана или житарки, за да го запрете падот на гликоза на ниско ниво.

 

Кога гликоза во крвта е

4 – 7 ммол/л

 

Ова е обично здрав опсег на цел кон која треба да се стремите.

Ако сакате да почнете да спортувате, можеби ќе треба претходно да земете ужина со скробни јаглехидрати за да бидете сигурни дека нивото на гликоза во крвта не е премногу ниско. Ако не земете ужина/закуска, обидете се редовно да ја проверувате гликозата во крвта за време на вашата активност.

 

 

Кога гликоза во крвта е

7 – 13 ммол/л

Можете да ја започнете вашата активност. Бидејќи различни типови на активности може да предизвикаат зголемување или намалување на гликоза во крвта, обидете се редовно да ја проверувате гликозата за време на вашата активност.

 

 

 

 

Кога гликоза во крвта е

Над 13 ммол/л

 

Вашето ниво на гликоза во крвта е над целните нивоа и ако сте активни може да предизвика уште повеќе зголемување. Важно е да разговарате со вашиот тим за дијабетес бидејќи можеби ќе треба да размислите повеќе за видот на активност што планирате да ја правите и можните промени во вашиот третман.

 

Ако нивото на гликоза во крвта ви е постојано висока за време на физичката активност, треба да тестирате кетони во урината и да ги следите советите од вашиот здравствен тим.

 

 

 

 

 

Овие препораки се само насоки, а вашето индивидуално искуство кога вежбате може да се разликува. Треба да разговарате со вашиот здравствен тим за тоа што е најдобро за вас.

 

Вежбање ако сте имале хипо или тешка хипогликемија во последните 24 часа

Ако сте имале тешка хипогликемија  во последните 24 часа, најдобро е следниот ден  да немате физичка активност!

 

Ако сте имале хипо во последните 24 часа, ризикот да имате хипо ќе биде поголем, па затоа е важно да бидете внимателни кога вежбате. Обидете се да не правите никаква активност сами и погрижете се да ги следите нашите совети подолу.

 

Менаџирање со нивото на гликоза во крвта кога вежбате

Некои денови може да правите иста активност и да јадете иста храна, но нивото на гликоза во крвта може да биде сосема различно од она што го очекувате. Ова е сосема нормално, но знаеме дека може да биде навистина фрустрирачко.

Иако секој различно управува со својот дијабетес, овие совети можат да бидат корисна почетна точка за да ја изградите вашата самодоверба и да ве поттикнат да имате физичка активност:

  • Ако вообичаено редовно ја проверувате гликозата во крвта, водете евиденција за тоа што се случува кога сте активни и покажете го тоа на вашиот ендокринолог
  • Ако сте изложени на ризик од хипо, имајте при рака третмани за хипо, како и ужина со јаглени хидрати – на пр. сендвич, овошје или бар од житарки
  • Носете ја вашата идентификација за дијабетес, за луѓето околу вас да можат да помогнат ако има потреба
  • Ако сте на инсулинска терапија, можеби ќе треба да направите промени во дозата кога вежбате.

За менување на доза секогаш треба  да разговарате и со вашиот здравствен тим.

„Секогаш ја тестирам гликозата во крвта пред да одам на прошетка и секогаш носам со мене многу третмани за хипо.

– Во својата приказна, Дејвид ги споделува своите совети за управување со неговиот дијабетес при пешачење.
https://www.diabetes.org.uk/your-stories/david-walking

 

 

 

Нивото на гликоза  во крвта после вежбање

 

Некои луѓе може да откријат дека нивото на гликоза во крвта им се зголемува после вежбање, додека други може да откријат дека повеќе им се намалува. Бидејќи различни видови активности можат да влијаат на нивото на гликоза во крвта на различни начини, важно е да ја проверите гликоза во крвта откако ќе завршите со вежбањето. Можеби ќе треба да продолжите да  проверувате до 24 часа по активноста ако била напорна.

Вежбање и инсулин

Една од придобивките да се биде поактивен е тоа што вашето тело подобро ќе го искористи инсулинот и со тоа ќе дојде до намалување  на гликозата во крвта. Ова може да значи дека треба да ја прилагодите дозата пред, за време или по вежбањето, во зависност од тоа колку долго се движите и видот на активност што ја правите.

За повеќе информации најдобро е да разговарате со вашиот здравствен тим, бидејќи тие ќе можат да ги разгледаат нивоата на вашата активност и да ви помогнат да ги направите вистинските промени во вашата доза.

 

Извор https://www.diabetes.org.uk/guide-to-diabetes/managing-your-diabetes/exercise/blood-sugar-levels
Слика https://www.lifesportdiabetes.co.uk/