Употреба на јајца во секојдневна исхрана ДА или НЕ?

679

Во 60-тите, Американската срцева асоцијација ги советуваше луѓето да го намалат холестеролот во исхраната и да не јадат повеќе од три јајца неделно.

Децении подоцна, неколку студии сугерираа дека за повеќето луѓе, 1 јајце на ден е добро за здравјето на срцето. Но, неодамнешните истражувања повторно се вратија на рационализирана употреба на жолчката.

Во 1980 година, водичот за исхрана на Американската срцева асоцијација прв пат објавува совети за употреба на јајца и податоците се
ажурираат на секои пет години. Но, дури во 1995 година, извештајот предложи специфична граница – помалку од 300 милиграми (mg) на ден холестерол. Просечното големо јајце содржи нешто помалку од 200 мг холестерол, кое се наоѓа во жолчката. Во упатствата од 2010 година додадена е уште пониска дневна граница (200 мг) за холестерол за луѓе со висок ризик од кардиоваскуларни болести.

Упатствата за употреба на јајцата низ годините:

Датум Совети за употреба на јајца

1980 година Умерена употреба на јајце

1985 година Умерена употреба на жолчка

1990 година Употреба на 2 белки наместо жолчка

1995 година Ограничена употреба на жолчка

2000 година Умерена употреба на белки и жочки .При готвење да се користи само белка

2005 година Нема специфичен совет

2010 година Една жолчка од јајце на ден не го зголемува нивото на холестерол во крвта; ниту го зголемува ризикот од кардиоваскуларни заболувања кај здрави луѓе.

2015 година Нема општа препорака, но има индикации дека мажите и момчињата тинејџери можеби јадат премногу јајца. Предлог за вегетаријанци да јадат до три јајца неделно.

Се уште различен став
Според други истражувања, една долгорочна студија на Харвард покажа дека луѓето кои пријавиле дека јадат 1 јајце на ден не се изложени на особено поголем ризик од срцев или мозочен удар. Меѓутоа, ако се борите да го контролирате нивото на холестерол во крвта, бидете претпазливи кога јадете жолчки – наместо тоа, јадете ги белките. Истото важи и за луѓето со дијабетес, бидејќи неколку студии документирале поголем ризик од срцеви заболувања кај луѓето со дијабетес кои јаделе повеќе од едно јајце на ден.
Сепак генералниот совет е 2-3 јајца неделно.

Извор
https://www.health.harvard.edu/heart-health/unscrambling-the-message-on-eggs#:~:text=But%20to%20play%20it%20safe,one%20particular%20food%2C%20she%20emphasizes.