Тортиља од леќа

888

Потребно е:

За тортиља:
1 чаша леќа(зелена или црвена нема разлика)
2 чаши вода
сол

Фил: по желба Мојот фил беше зеленчук: домат, краставица, маслинки без семки, тенко исечен морков

Подготовка: Од вечер леќата се кисне во вода. Или пак наутро, покиснете ја додека се вратите од работа ќе биде спремна за употреба. Печете ги како палачинки на тивок огин во тава што не лепи на среден огин од 9 пример 3 -ка. Но прво намачкајте ја тавата со тенок слој маслиново масло. Доколку не се разлее по тавата како тесто за палачинки треба внимателно со тапкање да се распореди насекаде. Откако ќе се испече едната страна со тенка шпатула да се сврти на друга страна

Леќата е богата со протеини. Исто така богата е со растителни влакна, фолна киселина, В1, железо и др.

Нутритивна вредност на 100 грама леќа 353 ккалории 60.1 гр јаглехидрати 30 гр радтителни влакна 25.8 гр протеини 1.1 гр масти