ПРОЦЕНА ЗА ПОТРЕБА ОД ТРЕТМАН
Натхранети пациенти со индекс на телесна маса од 25-30 kg/m2
Најчесто не се потребни лекови.
Третманот (ннд-А) е индициран доколку постои централна дебелина, метаболен синдром или тип 2 дијабетес.
Деца со умерена дебелина треба да се лекуваат.
Умерена дебелина, индекс на телесна маса: BMI 30-35 kg/m2
Третманот (ннд-A) е индициран кај пациенти со дијабетес, хипертензија, хиперлипидемија или друго поврзано заболување (ннд-B).
Млади обезни пациенти со добра општа состојба треба да се третираат.
Третманот на пациенти на средна возраст е индивидуален.
Тешка дебелина, индекс на телесна маса: BMI > 35 kg/m2
Треба секогаш да се третира
ИЗБОР НА МЕТОД ЗА ТРЕТМАН
1. Основниот третман се состои од соодветно советување за постепени и постојани
промени во навиките на животот,
Секогаш треба да се вклучат други форми на конзервативен третман кај пациенти со умерена дебелина, како и за најголемиот дел со тешка дебелина.
2. Основен третман и многу нискокалорична диета
Кај пациенти со морбидна и тешка дебелина.
Доколку изборот на овој третман не е доволен кај пациенти со умерена дебелина, се советува намалување на телесната тежина.
3. Лекови (орлистат или сибутрамин)
Не помага секогаш кај пациентите.
Се користи доколку другите пристапи се покажат како неуспешни.
Треба да бидат воведени и промени во начинот на животот.
4. Хируршки третман
Соодветен за селектирани пациенти со морбидна дебелина.
ОСНОВЕН ТРЕТМАН
Организација
Групниот третман е поевтин и ефикасен како и индивидуалниот третман.
Се препорачуваат најмалку 10 средби во интервали на една седмица.
Едукацијата ја врши медицинска сестра или диететичар со специјалност за
третман за дебелина.
Цели што може да се мерат
Оптимално намалување на телесната тежина е 0.5 kg/неделно. Масното ткиво
содржи 7.000 kcal/kg. Ова намалување се постигнува со дневна редукција од 500
kcal во енергетското внесување.
Целта е да се намали телесната тежина за 5-10%, што овозможува сигнификантно
подобрување на третманот на другите заболувања што се поврзани со дебелината.
Промените во начинот на живот треба да бидат постојани.
Телесната тежина кај децата што растат треба константно да се одржува за да
може растењето во висина да ја коригира тежината.
Постојат многу лекови што се со недокажана ефикасност. Лекови што го супримираат апетитот доведуваат до умерено намалување на телесната тежина, но со
минлив ефект, кој трае неколку месеци.
Цели и содржина на советувањето
-Промени во знаењето и ставовите
-Користењето на енергијата се намалува со намалување на телесната тежина.
-Одржувањето на телесната тежина е овозможено доколку промените во навиките на живот се постојани.
-Промени во оброците (ннд-A)
-Пресметајте ја содржината на оброците.
-Намалете го внесувањето за 500 kcal на ден.
-Основата е во намалување на масното внесување (ннд-B).
-Алкохолот може да е причина за дебелина.
-Мали дневни промени се ефикасни на долготраен план.
-Потребни се три главни оброци.
-Промени во физичката активност (ннд-A).
-Советите зависат од степенот на дебелината.
-Потребно е да се зголеми физичката активност за време на секојдневните активности (качување по скали, пешачење или возење велосипед до работа).
Промени во навиките на исхрана
Најважна цел е промени во навиките, а не намалување на телесната тежина.
Треба да се идентификуваат условите на јадење.
Купување зеленчук према претходно подготвен план.
Намалување на очекувањата (да нема храна во близина).
Не треба да се прави ништо друго кога се јаде (гледање телевизија, читање
списанија и сл.).
Јадењето треба да биде полека.
МНОГУ НИСКОКАЛОРИЧНА ДИЕТА (МНКД)
Основа
400-500 kcal на енергија, со максимум од 800 kcal на ден.
Најмалку 5гр протеини на ден.
Потребни се есенцијални масни киселини и витамини.
Протокол
Претходно подготвените формули може да се користат како единствена исхрана во период од 8 до 10 недели кај тешка дебелина, и за пократок период
кај умерена дебелина.
Пациентот се следи во периоди од 1 до 2 недели.
Може да се користи кај пациенти со тип 2 дијабетес и хипертензија. Може да
се прекине или намали третманот со инсулин, како и да се намали дозата на
сулфонилуреја (ризик од хипогликемија). Дозата на другите лекови не треба
да се намалува.
Намалувањето на телесната тежина е 1.5 kg-2 кг неделно и краткотрајното намалување на телесната тежина е за 2-2.5 пати поголемо од основниот
третман.
Оваа диета не доведува до постојани резултати. Основниот третман е во промена на навиките на живот.
Извор https://fzo.org.mk/WBStorage/Files/Endokrinologija.pdf