Оброк за 2 лица
Потребно е:
✅Една главица карфиол
✅2 јајца
✅1 лажица путер
✅1 лажица брашно
✅1 чаша млеко
✅козјо сирење едно парче (50 гр)
✅сол, бибер
Подготовка:
Варете го карфиолот 3 минути
Во друг сад стопете една лажица путер, додадете една лажица брашно и млеко и мешајте постојано да не се направат грутки. Одвоете ги жолчките од белките. Тргнете го од огин бешамелот и додадете го карфиолот и потоа жолчките и мешајте. Додадете сирење, сол, бибер и продолжете со мешање.
Изматете ги белките и нежно додадете ги на карфиолот. Садовите за суфле намачкајте ги со масло или путер.
Печете ги во загреана рерна на 160степени околу 30 минути (зависи од рерната)
Нутритивна вредност
Вкупно калории 677
Јаглехидрати 23 гр
Масти 43 гр
Протеини 34 гр