Претседателките на БАЛАНС МК – Асоцијација за детски дијабетес на Македонија Наташа Деспотовска Димитриевска и Лица и Деца со Диабет Т1 “Искра” Битола,Марија Козинковска , заедно Диме Велев, имаа работна средба со Министерот за здравство Венко Филипче, споделени информациите дека:
Оваа работна недела, согласно Програмата за дијабетес за 2021 год, се распишува долго очекуваниот Тендер за набавка на СЕНЗОРИ – Системи за континуирано мерење гликемии за околи 500 деца и адолесценти до 18 години.
Воедно, за конечно отворање на Едукативен центар за децата со Дијабетест Тип 1, се одредува и ќе започне опремување на просторија на Детска клиника во Скопје.