Спринг ролс со киноа

578

Лесен начин на подготовка, освежителен вкус за овие летни топли денови

Потребно е
✅Оризови листови
✅Мешана киноа бела и црвена
✅Краставица
✅Ајсберг
✅Морков
✅Нане
✅Коријандер
✅Босилек

За сос
✅Соја сос
✅Сусамово масло
✅Коријандер
✅Чили во прав

Подготовка
Киноата прво измијте ја и варете ја . Најчесто сооднос е 1:1 но може и 2:1 зависно од садот во кој готвите. Важно е после една минута да намалите на најтивко. Поклопете го садот и оставете да се вари околу 15 минути.
Краставицата се сецка во жулиен (ситни листови како кибрит) морковот исто или се ренда. Ајсбергот ситно исецкан. Многу е важно спринг ролсот да има протеин и зеленчук што е крцкав. Јас овој пат користев протеин од растително потекло. Спринг ролс исто така мора да содржи коријандер, босилек и нане 😀.
Листовите од ориз се потопуваат во топла вода (не претопла) се филува и се витка внимателно и брзо бидејќи листовите се лепливи.

Сос
Се мешаат соја сос, малку сусамово масло, коријандер и чили.

Нутритивно вредност
Вкупно
Ккалории 827
Јаглехидрати 132 гр
Растителни влакна 19 гр
Протеини 18 гр
Масти 27 гр

Состојки
Оризов лист 1=23 X 8 187 калории
Авокадо 227
Морков 45
Киноа (сирова) 368