Солени колачи од зелена леќа

476

Потребно е
✅1 чаша зелена леќа
✅2 чаши вода
✅2 чешни лук
✅2 лажици интегрално пченкарно брашно
✅сол, ким, коријандер

Подготовка
Леќата се покиснува со 2 чаши вода и се остава да отстои преку ноќ.
Следниот ден ако има вода исцедете ja водата и ставете ја леќата во блендер. Со лук и зачините заедно блендирајте ја леќата. На крај кога ќе добиете кремаста смеса додадете 2 лажици пченкарно брашно. Во плехот ставете хартија за печење и со лажица ставете од смесата. Печете во загреана рерна на 200с додека добијат златеста боја