Сиров џем со чиа семе и шумско овошје

662

Потребно е
✅1 чаша шумско овошје, 200гр (ако е замрзнато чекате да се одмрзне
✅2 супени лажици чиа семе
✅1 м.л мед

Подготовка
Овошјето се пасира со вилушка. Овошјето со самото пасирање ќе пушти вода. Додадете 2 лажици чиа семе и 1 м.л мед и мешајте убаво за да не остане чиа семето на зидот на садот. Поклопете го садот. Оставете да отстои неколку часа во фрижидер и џемот е готов.

За џем најдобар сооднос на овошје и чиа семе е секогаш една чаша овошје со 2 лажици чиа семе
Почнете така. Доколку со пасирање овошјето пушти повеќе вода тогаш додадете уште една лажица за да се згусне.

Шумското овошје изобилува со витамини, антиоксиданти кои се важни за врзување на слободните радикали во телото. За да ги сочуваме сите нутритивни вредности на шумското овошје овој вид на џем е идеален.

АКЦИЈА
Претодна содржинаДневно мени
Следна содржинаВитамини