Сиров колач од кокос и сос од јаболко

630

Потребно е
✅200 гр кокос
✅4 големи јаболка
✅1 лажица кокосово масло
✅темно чоколадо со стевиа

Подготовка
Сос од јаболко
Се лупат и варат јаболката.
Се цеди бодата и се пасира како пире

Во длабок сад ставете го кокосот. Додадете сос од јаболко и 1 лажица кокосово масло. Измешајте убаво . Во еден сад обложен со хартија за печење ставете ја смесата и тапкајте со лажицата додека се израмни. На пареа стопете чоколадо и сипете врз колачот. Оставете во фрижидер да отстои половина час

Кокосот е богат со калиум манган, селен, фосфор и бакар и др

Во 100 гр кокосови снегулки има
700 ккалории
Јаглехидрати 10 гр
Масти 60 гр
Протеини 10 гр