Салата со беби спанаќ, рукола, цвекло и домашна рикота

686

За рикота
✅1 литро млеко (свежо)
✅1 лимета
✅Сол
✅Зачини по желба

Салата
✅ беби спанаќ
✅ рукола
✅цвекло
✅беби марула романа
✅сок од 1/2 лимон
✅1 м.л маслиново масло
✅ореви
✅3-4 мали парчиња рикота

Подготовка на рикота
Свежото млеко сварете го. Тргнете да олади . Откако ќе се олади доколку имате микровална ставете го млекото во микровална 14 минути или во тенџере повторно загрејте и кога ќе почне да пени извадете ( да не проврие) и ставете 2 супени лажици лимета и мешајте. Додадете сол и зачин по желба. При мешање ќе забележите како млекото почнува да се грутчи. По половина час во една газа исцедете и стиснете убаво давајќи облик и ставете во една модла може и сад длабок со се газа да отстои два часа во фрижидер . Оваа рикота може најмногу три дена да стои во фрижидер.