Салата од печен карфиол со халууми и лимон

614

Потребно е

1 голема глава карфиол (500 Гр)
маслиново масло
1 лажичка црвена пиперка
1 ½ лажички мелен коријандер
¾ лажичка мелена куркума
сол и црн пипер
1 мала главица црвен кромид
2 с.л суво грозје
3 лажици сок од лимон
1 лажица вински оцет
1 лажичка мед
Халуми сирење (Halloumi) 100 гр
рукола
големо авокадо,
1мала китка магоднос

Подготовка

Карфиолот зачинете го со црвена пиперка, коријандер,куркума, сол, црн бибер и маслиново масло и ставете да се пече во преходно загреана рерна на 200 степени. Во меѓувреме во мала чинија измешајте ги кромидот(изрендан), сувото грозје, лимон, оцет и медот со 3 лажици маслиново масло, 1/2 лажичка сол и 1/4 лажичка бибер. Ставете на страна.
Исечете ги халуумите на коцки и исушете ги со хартиени крпа. Загрејте ги преостанатите 2 лажици маслиново масло во голема тава од леано железо на јако. Додадете ги коцките халууми и 2 до 3 минути додека не добијат златеста боја. (Внимавајте да не изгорат) Префрлете се на чинија обложена со хартиена крпа и зачинете со бибер.
Ставете половина од сосотна руколата и ставете ја на дното на тањирот и врз руколата ставете карфиол, халууми и авокадо. Посипете од престабаиот сос и тенко исешен магдонос магдонос и послужете веднаш.

Нутритивна вредност

773 ккал
63 гр вкупно јаглехидрати од кои
21 гр растителни влакна
48 гр масти
37 гр протеини